имаш многу добра идеја и јас тоа го подржувам. Пред да почнеш да правиш напојување добро е да знаеш за што најмногу ќе го употребуваш. Забелешката што ќе ја дадам е дека мислам дека се што е над 24 волти тешко дека ќе користиш во електрониката. Исто така сакам да додадам дека дигитални инструменти не можеш да приклучиш на истиот трансформатор, ова го кажувам дека и јас имам направено напојување со дигитални инструменти, можеш да видиш во делот на напојувања. Секако дека твоето ново напојување треба да има добра издржливост што значи дека треба да издрши потрошувачи што тргаат струја односно ампери. Дали знаеш колку ампери моше да издржи трансформаторот? Ако е дизајниран да издржи 10А тогаш е ок.