Најпрво здраво на сите, нов сум на форумов. Веќе крајно време беше да има македонски форум за електроника.
Ова е мерач на ВФ моќност кој го имам правено неколку пати и работи гарантирано. Далеку е попрецизен од RF field метри и слични други склопови. Единствена мана му е што треба треба да извршите ендоставна пресметка за да ја добиете моќноста. Може да се користи и за штелување на излезните степени на предаватели ( тримерите на излезот се штелуваат додека не се добие најголема волтажа на мултиметрот).
Формулата за пресметка е:
P=(V * 0.707 + 0.1)^2/R
каде V e волтажата која ќе е измерите, а R e R1 паралелно со R2.
Отпорниците R1 и R2 се по 150 оми 1 ват ако планирате да го приклучите предавателот на дипол антена, ако планирате да работите со вертикална антена тогаш ти е се по 100 оми. Тоа значи дека вкупната отпорност што ја "гледа" предавателот е 75 или 50 оми респективно. Секако дека и коаксијалниот кабел треба да ја има потребната омажа. Диодата може да се замени со 1N5711, ако имате проблем да ја набавите 1N6263. Мерете кратко време зошто веке на 2 вати отпорниците се загреваат.