Постои посебна легура за оклопување трансформатори наречена mu-metal, ама е скапа и не знам дали може да се најде кај нас. Бидејќи процесот на нејзино добивање е таков што повеќе пати се врши омекнување на материјалот (т.н. annealing) и се тежи што повеќе да се отстрани јаглеродот од неа, претпоставувам дека во твојот случај подобар избор би бил меко железо, бидејќи тоа не содржи јаглерод, за разлика од челикот.