Мене ми личи проблемов како на лоши контакти на chipset-от со плочата. Можно е да е и статички електрицитет или самото напојување. Ако работиш со џемпер, соблечи го џемперот. Ако немаш пробано со друго напојување, пробај и види дали ќе сака така да запали. Ако има повеќе RAM DIMM-ови, пробај да ја запалиш само со еден. Уште подобро, пробај запали ја плочата само со CPU и еден RAM DIMM. Ако beep-ка BIOS-от секој пат кога ќе ја запалиш, можно е и проблемот да не бидат лоши контакти со chipset-от. Можно е и некој друг проблем да има. Можно е и просторијата во која е наменет компјутерот да се користи да е премногу ладна, па да не сака да се запали PC-то (можно е определен чип да не сака да „запали“ при определена пониска тепература, па тоа да прави проблем).