Многу тешко да најдеш материјали за Вруток, мораш сам да истражуваш, сум бил 2 пати во таа централа, има 4 агрегати по 42.5 MVA, најголема во македонија, вистинско чудо од хидроцентрала која во денешно време не би се направила, правена е во кризно време, одма после втората светска војна, се сметало дека е од стратешко значење и се наоѓа околу 250 метри под земја,во неа се влегува низ огромен тунел во кои има шини и можат да влегуваат и камиони,од деривационен тип на хидроцентрали е, водата има пад од 550 метри. Тоа е накратко што можам да го кажам, имам доста слики од таа централа, па ако ти помогнат сликите може да ти ги испратам , мислам дека и не би смеел јавно да ги прикажам.
Зошто баш Врутик, ти ја избра или ?