здраво на сите.
прво ке се претставам. јас сум алек. сопственик на фирмата каноинжинеринг, која се бави со ПРОИЗВОДСТВО и МОНТАЖА на електролитни системи за греење, т.е. КАНО системи. јас лично во оваа област сум нешто над деценија. во мојата позадина на монтажа имам преку 2000 монтирани системи.
случајно барајки по нет нешто наетав на оваа тема и секако, ги прочитав сите постови и бидејки ме тангираат грешно изнесените податоци тука, би сакал да ве информирам и секако да ја исправам неправдата.
значи, текстот на енергија што е поставен е комплетно ископиран од мојот веб сајт, со тоа што го прикриле името на системот, малку смениле од текстот и со тоа ги изгенерализирале сите слични системи со едно појаснување, што е комплетно грешно. мојот ваб сајт е kanosistemi.com.mk таму ке можете да прочитате подробно за овој систем.
значи ке почнам од првиот пост, кај што е покажан ас термика со линк. претходно тоа беше фирмата леотерм. значи ист газда ист систем. човекот што го продава тој систем не е техничко лице туку е бизнисмен. инаку тој е мојот бивши газда. јас на времето работев кај него и секако идејата од овој систем што го нудам сега делумно потекнува од таму, но иновацијата за кано системот е комплетно моја. значи тој систем и мојот се разликуваат во некои битни сегменти иако се слични. понатака руските подморници. на мојот веб сајт за нив има цела една страна посветено, со појаснување како работи истата.
како финален заклучок по ова прашање е дека сите 3 системи СЕ електролитни котлиња но се многу различни помеѓу себе... исто како и автомобилите... и застава и мерцедес се автомобили но се доста различни.
руските подморници работат на сода бикарбона. нестабилна комбинација, опасна за користење и како што некој пиша претходно, создава ННО гасови кои се запалливи.
ас термика и неговите сонди. тоа се сонди кои се 4-5 генерации постари од она што јас го нудам. таму како и секој почеток, имаше нешто сосема поинакво на пазарот. сондите и системот трпеа измени и по изглед и по подобрување на функционалност и секако економичност. но нивниот напредок заврши оној момент кога јас си заминав од таму, бидејки техничкото лице бев јас, како што реков тој беше само газда и за жал имаме исто име, па не ретко лугето не мешаат.
конечно, кано системот. овој систем е нај напредна генерација во сверата на економичните лекетролитни котилња-сонди. секоја година убав дел финансиски се инвестира во тестирања во новитети и секако подобрување на системот. истиот е доведен до перфекција. некој погоре спомна создавање гасови, преотеретенст на струјата, високи амперажи и дека со 3 киловати неможе да грее... кој мисли дека неможе, слободно нека ме контактира и ке му докажам дека може, ама со кано систем а не со другите опции.
кано системот не користи сода бикарбона. еден комплексен електролит, од точно 18 состојки го сочинува кано системот многу стабилен. за разлика од сондите на ас термика кај кои што препорачливо е на секои 3 години да се мења електролитот, кај нас ние велиме колку е постар толку е подобар електролитот и никаква промена не доаѓа во предвид. тоа ти е како да чуваш некое добро вино во визба и после години поминати да речеш, ај старо е, дај ке праиме ново вино.
околу искористливоста на струјата. некој погоре напиша дека електричен греач има 95% искористливост на струја во однос на дадена топлинска енергија. да, тоа е точно, но ако се мери на спиралата од греачот. меѓутоа од спиралата на греачот, понатака има кварцен песок, метална обвивак и бидејки се работи за вода нели, ке има и каменец залепен нанего. водата е дури петиот елемент во таа низа која треба да ја прими топлинската енергија преточена од електрична. тука се појавуваат огромни загуби, што во производство на воздух, што во некомплетно искористена струја, што во загуба од самиот казан на котелот и тоа може да биде до 55% од струјата или кратко речено односот на дадена топлинска енергија на ниво на котел во однос на струа е 1:0,5
кај кано системот тие елементи на загуба се елиминирани така што на времето појдовмо од самата замисла. ВОДАТА ДА БИДЕ ГРЕАЧОТ... и точно тоа е целата прикаска, водата т.е. електролитот е греачот. искористливоста на струјата е 1:1. одтука и е неговата економичност во однос на електричниот котел кој ние ја декларираме помеѓу 35 и 55%. ова не се бројки треснати од ракав туку се податоци добиени од децениско искуство и монтирани бајаги сонди и системи позади себе. нај големиот систем е со 15 сонди, монтиран на еден објект од 1600 метри квадратни. неколку системи со по 12 сонди и 9 сонди, начелно за греење во згради... да да, цели згради, помали секако.
за секакви прашања може да прашате тука на форумов, но бидејки сме малку повеке зафатени со монтажи, ке ми треба можеби повеке време додека да одговорам. од друга страна на контакт мејлот на нашата страна (уште еднаш страната) kano.com.mk или kanosistemi.com.mk сигурно ке добиете одговор во нај брз можен рок. таму како што реков има многу појаснувања, има контакт форма и има телефони.
секое добро на сите.
алек
едит...
сакав да додадам линк од барем еден форум македонски на кој се пријавија неколку луѓе на кои им имаме монтирано кано систем па да ги видевте нивните информации... но незнам дали е или не е етички според вашите правила. нека се изјаснат личностите од администрацијата на форумов. долку не, тогаш ок, нека биде не, нема лутење.