Пробував со една друга матична плоча која не работи и имаше подуван кондензатор па тој кондензатор го извадив но ме чуди нешто друго, на истата плоча има некои електролити кои ако ги допрам со сондите на униметарот, истиот свири цело време како да има некој си 30 оми, што е ова? Прво мислев дека внатре кондензаторот пробил па затоа така прави, ама кога го извадив кондензаторот и ставив сонди на местото каде што бил пак свири и дава исто толку оми, што е работата ?
Не можеш така да испитуваш плоча. Тоа се интерни врски во самата плоча, и дур не видиме шема на матичната плоча (што нема да најдеш), нема да може да се каже зошто така јавува. Матични плочи се испитуваат преку тест, или работи или не работи, или има некои симптоми дека можеби ќе проработи, или изгледа како да е мртва и ја чуваме за делови. Трето нема кај матичните плочи. Може да се пробаат едни или други финти, ама ако не проработи, не можеш да мериш и „го бараш каде е кварот“. Во некои секции од напојувањето на плочата, може така да се прави, но ако навлезеш длабоко во електрониката... не дека важат закони на физика, проблемот е што не знаеме што се крие под тие слоеви од ППК-то. Кои се врските, како се изведени, кои се компоненти ги има, итн. Скоро се е во SMD на матична плоча, така да, откривање на сите компоненти преку „просто гледање“... малку потешко :S. Дел ќе ги препознаеш, ама повеќето, малку потешко :S. Има нешто како „глобални павила“ врз база на кои се прави градбата на сите матични плочи, така да, врз база на тоа знаење, може дел од компонентите да се препознаат и да се прочитаат, но голем број не можат. Нешто врз база на application schematic од интегрираните кола може да се дознае, ама многу малку, евентуално кое со кое коло е врзано и кое коло на кое коло м дава контроли (команди), а кое „слуша заповеди“.
И пак не ми одговори, не се пушта воопшто или само не post-ува BIOS-от?