се надевам дека ке има на нашиот пазар од тие електролити.... а за поевтини кој знае
Џабе се надевате, тоа се за извоз ќе оди :S, најверојатно...
Ама ќе ми биде мерак да видам електролит Made in Macedonia
И тоа најверојатно нема да го пишува, ќе пишува Made In Japan (или некоја друга држава во која се знае дека се произведуваат квалитетни кондензатори), ако потекува од тука не значи да ке мора да пишат дека е од тука, имаат фабрики низ цел свет може да пишат што сакаат :S.
Што знам, може и во право да си, ама чисто се сомневам дека ќе пишува Made In Macedonia :S. Не сум песимист, едноставно сум реален, никој не ја знае Македонија како одличен произведувач на кондензатори :S, нема поента да ја ставата како земја на потекло, само ќе си го упропастат бизнисот :S.
Дали некој од вас знае дека пред 20-тина години во Гевгелија имаше фабрика за керамички кондензатори?
Е ова не сум го знаел (интересно е да се знае чисто како информација), ама претпоставувам дека никаде на нив не пишувало Made In Macedonia. Ако грешам, корегирајте ме...
Не пратите многу економија - и во Италија ја затворија единствената фабрика за кондензатори,а кај нас ке отвореле??
Можеби поради прескапата работна рака, не мора да значи дека пропаѓа фирмата или нешто слично, едноставно, тука има поевтина работна рака.
Искрено, верувам дека ќе ја отворат, но не верувам дека на кондензаторите ќе пишува Made In Macedonia. Имам видено делови на кои пишувало Made In USA, а од USA ни U немаат (од километар може тоа де се види кај некои делови). Што би ги спречило да фалсификуваат дека некој дел кој е произведен тука дека е произведен на некое друго место?