Еј Донис ме разнежи да знаеш!!!! Ова е конструкција на еден мој човек,кој за жал мислам дека не е веке со нас,права нишка школа. Ова го работев два-три пати.Направив шест канален миксер и трии појачувачи со активна свртница ,како и звучни кутии со две Филипс 8-ци по 80 вати и средни и високи (Нишки).Ова е меѓу првите мои поголеми потфати. Не знам каде ја најде ова колекција ,ама во секој случај ме изненади.Овој излезен појачувач ,без оние први два транзистори во пп пред операционото појачало е класика која доживеа безброј изведби (ја имаше дури и во Емитер!
). Ако добро се направи тоа е ефтино магаренце за товарање! Е ова е за во локал -направиш еднаш,заборавиш засекогаш!!
Сепак ова е постара шема што јас ја поставив,а оригиналот е превземен со битни подобрувања од едно УСА списание кое одамна не постои, а се викаше некако како * Amplifiers and hobby elektronics * ,така некако беше мислам...