Мене ми треба извор на наизменична струја и напон, а DC напон ќе се користи за контрола и за поларизирање на мосфетот.
LM317 го спомнав бидејќи со него ќе се контролира мосфетот низ кој треба да поминува наизменичната струја.
замисла е вака
да направам напојување со LM317. На излез од ова напојување ќе ставам BUZ11.
Гејтот G од мосфетот ќе биде приклучен на излез од напојувањето. А на дрејнот D ќе донесам наизменичен сигнал. Од сорсот ќе излегува тој сигнал
И во зависност од промената на напонот на гејтот на мосфетот ќе се менува и наизменичниот сигнал.
Ако стигнам после ќе нацртам како ќе изгледа сето тоа