Author Topic: Ми треба помош за премотување на секундарот на торусен Трансформатор  (Read 1105 times)

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Торусниот Трансформатор е 500 ватен и си поседува примар, а сегашната секундарна намотка му е 12 волти и барем 10 ампери (пресек на жица 2мм и кусур) . Сакам да добијам 2x37 волти.  Искуство во премотување на Е- јадра поседувам но не и на торуси.
Значи дали некој со  искуство во премотување на торуси  ќе биде толку добар да ми ја објасни постапката.?. Како се протнува жицата како се изолираат слоевите(лак за трафоа ,Некаква фолијја која ја сретнав на торусот ). како се лепат изводите итн.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
имам помали премотувано, но обратно т.е. од 20 и кусур на 2 волти.. ми требаше јака струја.. Прво жицата треба да ја намоташ во клопче, или на некое тело со мал пречник. Подобро би било ако ја поделиш жицата на две, ионака ти требаат 2 намотки од по 37в... Намотаната жица треба да ја збира низ торусот, секако притоа треба да водиѓ сметка да не се заплетка, т.е. исплетка жицата. Доколку намотаната жица не ја збира низ торусот ќе моташ помали делови кои ќе ги составиш со лемење и спојката ќе ја изолираш со салотејп. Излолацијата меѓу слоевите не е неопходна, но секако дека е пожелна. Ако ти останал материјал од стариот секундар најдобро е него да го искористиш. Инаку не знам што е материјалот, само треба да биде термостабилен и не спроводлив, исто така и лесно да се витка. Најарно побарај во продавнициве за електроника таков материјал. Инаку може да се користи кан-трака, додека салотејпот може да го оштети лакот на жицата.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Прво никаде не сретнав некој да каже како се пресметуваат намотките на трафото по некоја формула.Го знаеш ли начинот на пресметување?Сепак не е ист како кај ЕИ трафата.Второ,ако не си многу стручен со називите ,не барај друг материјал,ами земи завој ,намотај го,па лакирај го,слој по слој со лак за мотори ( не бродски или за даски) ,а  меѓу примар и секундар е пожелно да се стави и два слоја термо-трака( од оние металик-сива боја со која обично во филмовите им се лепат устите и рацете на противниците, :D ;D ;D).На крај краевите стегни ги со пластични стеги.Сепак, побарај винклер,кој мота и има машина за торуси,ако не знаеш и не си сигурен .И на крај ,лакот  не се оштетува од селотејпот ,ако жицата е квалитетна ( да не е турска,грчка,ами ако најдеш српска - од Бор)

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
 Пошто сепак постапката е посложена од Е-јадра ќе се распрашам за премотување на винклер па ако не ми одговара цената ,ќе го мотам јас , за формула за пресметување на бројот на намотки нема да биде лошо да се пресмета но по бројот на намотките од секундарот или по пат на експеримент  (намотам 10 навоја и го уклучам во струја за да му го измерам напонот н а тие 10 намотки) ќе заклучам колку намотки му се потребни за посакуваната волтажа . Најмногу ме фаќа страв околу дебелината на жицата по калкулации на еден другар за 7 ампери треба 1.9 мм жица  а таа е ќутук за мотање на кривина така да ќе биде густо без искуство . Затоа и прашувам 

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Подобро набави му машина ,а не вака-да гледа и да се нервира ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
И  јас гледам и се јадам одвнатре, ама тоа е... Незнам ни дали има во мк вакви, и д а има којзнае колку се...

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3187
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Па би требало некој и кај нас да има ваква машина, не се до толку ретки или прескапи, во соседна Србија на пр. има неколку фирми што мотаат тороиди по доста разумни цени.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Неколку винклери од СК се нафатија да го премотаат така да ќе ви кажам како излезе , а ова видеава на бицикле се од *** да си гризам  што немам таква машина за пола саат да го премотам но додека ја смислам , направам и наштелувам уште 5 појачалца ке направам , а мислам дека не е поентата во тоа  да  губам време на торуси  , ионака имам само едно јадро (сега и којзнае кога),  во секој случај фала момци за поддршка добро е да се знае како тоа изгледа мотањето .

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Бидна Торусот го направи мајстор 500w  ,7А  и 2x37 V , Мајсторот го направил малку несимпатичен (обмотан со  црвена трака ) но кој ќе го гледа внатре во кутијата.
Можам да продолжам со плочките.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Фала Фала да ти се врати со подобар торус :D

Offline dzoni

  • Нов член
  • *
  • Posts: 12
што дебелина на жица ти намота винклерот?

ја погодив ли на мижеечки (поспан) дебелината?

што ќе биде шемата? ГРЕОТА Е ЗА ВУФЕР ДА СЕ АРЧИ АКО Е ДОБРО СМОТАН!!!!!! ;D

ШТО ДОБРО СТЕРЕО ЌЕ НАПРАВИШ ОД НЕГО,.......ПА,..ПА,...ПА.......ХМММММММ!!!!!!!! :P


Code: [Select]
Админ: Пази на големината на буквите

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
е зш да е греота, и онака за ниските фрекенции треба повеќе снага...Мада не е лошо и за стерео- торус си е торус  ;D ;)