Сега сум на работа, шемата за софт стартот ќе ја закачам попладне, исто и шема за тон-контрола (бас - високи) со ECC83, и таа се напојува со 250V како и предзасилувачот. Кажи ако те интересира, имам и шеми за електронски свртници со лампи
.
Јас за засилувачот користам трафо 2x250V, остаток од некое старо радио, после кондензаторите се добива нешто повисок напон ама тој лесно може да се симне со отпорник. Предзасилувачот има посебно трафо и исправувач. Ти за да добиеш напојување за лампите, врзи ги секундарите од 2x13,6V и 2x12V(30W) заедно, примарот од 2x13,6V иде на 220V, а на примарот од 2x12V би требало да имаш нешто повисок напон од мрежниот. Не се замарај многу да добиеш точно 250V, и засилувачот и предзасилувачот ќе работат со многу помалце (иако нешто полошо). Нормално е првото трафо да ти се загрева повеќе, пошто секундарот од второто има релативно мала отпорност и повеќе го оптоварува првиот (барем кај мене е така). Ако најдеш пробај со трафо за апарат за бричење, од оние што се вградуваат во ѕид по тоалетите, тоа трафо е 220V/110-220V(25W), само барај некое поквалитетно пошто некои од нив доста зујат, што нервира
.
Ако имаш оригинал излезни трансформатори не се мисли да ги ставиш, така ќе добиеш многу подобри високи, со обично трафо наместо излезно високите едвај ги има. Бобина нема потреба да користиш, посебно ако имаш оригинал излезни.