Не знам коку сте запознаени со овој проблем, но монтерите на CableTel кога монтират нов интернет приклучок и кабелска телевизија во некој стан/куќа, не го врзуваат компјутерот (нели само за еден важи, ама ние доста често сакаме да имаме и повеќе компјутери врзани за интернет
) преку Ethernet портата на модемот, туку преку USB портата на модемот (најчесто се користи Motorola SB5101 кабелскиот модем, кој може да се конктира и преку USB). Е сега, со овој тип на конфигурација, најчесто (навидум) ја оставаат „Ethernet портата неактивна“ (барем од техничка поддршка така викаат, иако портата очигледно си работи само што поради X причини, не може DHCP серверот да се конектира со Ethernet картицата).
Не знам дали е ова стара финта или не, ама јас дури сега ја дознав, а да ја знаев малку порано, немаше на работа (кај што работев) на луѓе и фирми со кои соработувавме да им велиме да се јават и да кажат да им ја активираат Ethernet портата на модемот, па да почекаат неколку дена дур ја активираат Ethernet портата на модемот (и ние така им викавме, повеќето луѓе се лаици и немаш време да им објаснуваш дека е всушност активна ама не сака да се конектира за Ethernet портот на нивниот notebook или компјутер). Дури и одкако ќе ја „активира“ Еthernet портата, модемот е конфигуриран така да се закачува само за една MAC адреса, а не за било која MAC адреса (како на пример што се конфигурирани TeleKabel модемите). Кратко кажано, треба со SOHO рутерчето да ја клонирате MAC адресата (ако рутерчето има таква опција) на картицата за која е конфигуриран модемот да се конектира за да може да се „закачи“ модемот за рутерчето и да може повеќе машини да имаат интернет
.
Баш вчера бев викнат од едни пријатели да им „поделам интернет да имаат сите компјутери“ (барем они така се изразија
), зашто претходно имале интернет од OnNet (сегашно One) и немале проблеми да делат интернет (рутерот бил конфигуриран да се конрктира преку PPPoE протоколот, нели, станува збор за ADSL конекција), а сега може само еден компјутер да има интернет и тоа само ако се инсталираат USB драјверите за модемот на компјутерот. Штом ми рекоа дека им го „наместиле“ интернетот преку USB портата, а не преку Ethernet портата, ми се стемни пред очи
. Им реков дека треба да побараат од CableTel да ја сменат конекцијата, место преку USB, да се конфигурира модемот да се конектира преку некој компјутер (наједноставно ми беше така да објаснам, после само ќе ја клонирав MAC адресата на тој компјутер) и кога тоа ќе го направат, да се чуеме и да дојдам да им ја конфигурирам мрежата. Сепак, луѓето се многу фини (а и многу блиски ми се, ми имаат завршено лично на мене многу услуги) и ме замолија сепак да дојдам и да видам дали „можам нешто да направам“ (повторно нивни зборови) без да се јавуваат на техничка поддршка (а сите знаеме колку се ажурни луѓето во техничка поддршка
, а да не зборувам за тоа дека најверојатно ќе направите 1000 денари сметка за телефон чекајќи да ви се јават) и да чекаат недела дена дур им го сменат типот на конкецијата, а најверојатно ќе треба и да доплатат за таа услуга.
Отидов до кај нив и искрено немав премногу идеи во главата. Прво пробав чисто да врзам било која машина со модемот преку Ethernet портот (да не случајно ја смениле „политиката“ CableTel па случајно да не не се „закачува“ модемот за точно определена MAC адреса). Се разбира, не ја смениле политиката: Limited or no connectivity. Пробав уште неколку други „финти“, ништо од тоа што пробав не успеа :S.
На крајот сосема случајно ми текна (иако имаше мала веројатност да „запали“), да ја клонирам MAC адресата на USB портот на модемот (ја пишува на самата подлога на модемот). И да не ви се верува, „запали“
. Модемот без проблем се конктираше преку неговата Ethernet портата за рутерчето
(се разбира претходно рутерот го преконфигурирав да „прима“ DHCP конекции, а не ADSL, односно PPPoE).
Така да, за сите CableTel корисници на кои им ја конфигурирале конкецијата да оди преку USB, „лекот“ е следниов:
WAN портата на SOHO рутерчето конфигурирајте ја да прима DHCP конекции и клонирајте ја MAC адресата на USB портата на модемот (ја пишува од долната страна на модемот). Во Primary DNS и Secondary DNS полињата (или DNS 1 и DNS 2 полињата, кај различни рутерчиња различно ги пишува овие две полиња) не мора ништо да венесувате (оставете ги празни), сам си ги исчитува адресите на DNS серверите рутерчето преку DHCP
.