Разликата е во векот на траење на тие дискови, мислам дека digital audio CD серијата беше изработена од Verbatim (колку што ми текнува, тоа беа оние дискови што беа изгравирани од горната страна да личат на плочи). Тие беа Metal Azo дискови и подолго траат од обичните CD-а. Разликата е во слојот на кој се снимаат податоците. Metal Аzo дисковите се поотпорни на директна изложеност на дневна светлина од обичните дискови. Според некои статистички податоци, доколку Metal Azo дисковите ги оставите директно изложени (свртени од страната на кои се снимени податоците) на дневна светлина, потребни се дури два дена за да снименото CD стане неупотребливо, додека кај обичните дискови, овој процес е многу побрз (мислам дека е 2 до 3 часа, ако не и помалку). Исто така голе удел имаат и некои други фактори кои го подобруваат квалитетот на CD-то, како на пример платиката од која изработена „основата“ на CD-то (кај Metal Azo дисковите е поквалитетна и поотпорна на гребење, со зборовите на еден мој пријател „можеш да скијаш на CD-то и после пак да го чита без проблем CD-плеерот“
). Брзината на снимање на дисковите беше ограничена поради фактот дека најмалку „грешки“ (не се грешки, ама за да поедноставам, ај така ќе пишам) при снимањето на CD-то се прават при снимање на помали брзини. При снимање на поголеми брзини на аудио дискови се прават поголеми „грешки“, а со тоа и џитерот (број на погрешно декодирани бити при репродукција на аудио CD-то) е поголем, што како краен резултат дава понеквалитетен звук, а во определени случаи е невозможно дури и да се исчитаат аудио податоците правилно. Се разбира, понеквалитетниот звук може да се забележи само на поскапи CD плеери, на CD плеери од ниска и средна класа (најчесто) не се забележуваат овие недостатоци.
Се разбира, секое празно CD може да се снимаат било какви податоци. Само ако пишува дека е наменето за аудио репрродукција (снимање на Audio CD), не значи дека мора да се користи за таа намена
. Јас на пример имам снимано на такви дискови MP3 колекции (што секој програм за снимање на CD-иња ги гледа MP3 песните/траките како data и го снима CD-то како data CD, не како Аудио CD).