Иако директно неможе да се сметаат во алати сепак спреевите за електроника може и тоа како да ве спасат во многу незгодни ситуации. Во оваа тема ќе обработиме какви спрееви постојат и за што тие се употребуваат.
Најчесто употребуваниот спреј за кој знаат и авто-механичарите е WD-40 таканаречен (кај нас на балканот) и Одвијач се користи најчесто за олабавување на зарѓани матици, мало обезрѓување или мало подмачкување. Бидејќи овој спреј е малку „јак“ за користење во електрониката не се препорачува да го користите освен ако немате избор.
За работа во електрониката се препорачуваат специјално дизајнираните спрееви за електроника на Philips, Blue Bird, PRF и слични фирми.
Видови и употреба:
1.
Посен контакт спреј - се употребува за елементи на кои треба да им се исчистат контактите (подножја, прекинувачи, слотови, конектори) а не треба да бидат подмачкани.
2.
Мрсен контакт спреј - се употребува за чистење и мало подмачкување на елементи кои се во движење како на пример потенциометри, лизгачи, па дури и по дома како подмачкување на шарки на врати, рачки, кваци и се друго што крцка.
3.
Воздушен спреј - спреј кој содржи сув чист воздух за чистење од прашина на недостапни места. Најчесто се употребува пред употреба на горните два спреја за да бидете сигурни дека нема прашина.
4.
Cold спреј - интересен спреј кој лади на местото каде што се прска. Намената на овој спреј е пронаоѓање на ладни лемови или проблеми со некое интегрирано коло. Имено, доколку уредот кој го сервисирате работи со „потчукнување“ и некогаш работи а некогаш не работи со прскање на овој спреј и ладење на одредени делови од плочката можете да откриете каде е ладниот лем, прекинот на плочата или кое интегрирано коло има внатрешен невидлив прекин.
5.
Plastic спреј - Спреј за лакирање на водовите кај печатените плочки, создава слој на лак кој има својства на прозирна пластика и е електрички непроводен со што ќе спречите кратки споеви и оксидација (црнење) на бакарот на плочката. Да се напомене дека плочката треба да биде исчистена со алкохол пред нанесувањето на овој спреј.
6.
Силиконски спреј - Сличен на Plastic спрејот но наместо пластичен слој дава силиконски слој кој е отпорен и на висока температура и не е лизгав.
7.
Антистатички спреј - Спреј за заштита од статички електрицитет, ги третира површините што можат да создадат статички електрицитет (пластики) и ги прави да неможат да се наелектризираат.
8.
Графит спреј - Спреј за поправање на потенциометри со додавање на нов слој на графит (мора да го расклопите потенциометарот за да можете ова да го направите. Исто корисен и за поправање на мембрански тастатури (на пример на дигитрони и безжични телефони) на кои тастатурата не им работи заради истрошениот графит на копчињата (прскате на гумата а не на плочката!!!). Сепак прво пробајте да го средите со контакт спреј, најчесто успева.
9.
Фото лак - Ова е спреј кој се користи при правањето на ППК со фото постапка. Имено, плочката се прска рамномерно со овој спреј и над него се става испечатениот изглед на ППК што сте го испечатиле на прозирна фолија и сето го ставате под UV ламба (неонка или неонки). Како работи - таму каде што фолијата е прозирна UV светлината не дозволува фото лакот да се стврдне а таму каде што има водови (е црно) фото лакот се прави слично како пластик спрејот со што со миење на плочката потоа остануваат лакирани само водовите и со ставањето во киселина тие се заштитени и успешно правите ППК. Најпознат фото лак кај нас е Positiv 20
Постојат и многу други спрееви кои се корисни во електрониката а сигурно ќе излегуваат и нови но погоре спомнатите се најчесто употребуваните и најкорисните.