Поздрав
Започнав со изработка на програмче , кое според внесените параметри за потрошувачка на одделни апарати во текот на 24 часа , ќе му помогне на купувачот , самиот да одреди колку соларни фотонапонски панели да постави.Но имам проблем со потребните податоци за сончеви часови и денови во Македонија.Знам дека во Метеоролошкиот завод на Македонија има податоци за секој ден ( последниве 10-30 години ), колку сончеви часа има во текот на секој ден во годината за секој град . Ама не можам да дојдам до тој податок .Дојдов до некои податоци од Европска метеоролошка агенција , ама не ми се многу веродостојни , зошто го земаат во предвид т.н. максимален сончев час во текот на еден месец .т.е. не земаат колку сонце има во текот на еден ден, ами збир на најјаките сончеви часови во еден месец , спрема најјакото сонце во најдолгиот ден од годината . Може ли некој да помогне со податоци ?!
Благодарам