Максимална струја што можеш да ја влечеш од USB без да прегориш ниту еден USB порт на компјутер (десктоп или лаптоп) е околу 500mA... Меѓутоа, најчесто има голема разлика на струјата која всушност ти ја дава (дозволува) некој USB порт. На пример: на некои лаптопи имам видено без проблем USB портите да даваат 500mA а на некои лаптопи едвај 200-250mA. Значи треба да се земе во предвид и дека некои производители ја ограничиле можноста за давање на струја кај нивните модели на лаптопи со цел да неможе да настане краток спој на кабелот и прегорување на плочата. Исто така кај десктоп компјутерите - најчесто приклучоците кои се наменети за приклучување на USB уреди и се наоѓаат напред или од страната на куќиштето имаат лимитирана моќ на проток на струја и ќе биде добро ако може да се извлече 250-300mA пред да падне напонот под 4V. Но! Најчесто пак приклучоците кои се наоѓаат одназад (на матичната плоча) имаат многу поголема моќ за давање на струја и јас дури имам пробано и без проблем даваат и 1A меѓутоа ова да не го пробате бидејќи може вашата плоча да откаже (не се сите плочи исти) и да имате расипани USB портови. Како и да е, правење на краток спој на USB при правење на домашни уреди со сечени каблиња може да ве чини USB порт или недај боже плоча или плоча на лаптоп. За најпретпазливите кој знаат што прават може да се осигураат (со помош на лимитирачки отпорници) да направат ваков уред кој се напојува од USB без да прегорат ништо. Сепак сите треба да внимаваат!