Сега дури забележав, не си го кодирал линкот, би те замолил нареден пат ако може да ги кодираш линковите
.
Не би ти препорачал да ја работиш шемата со напонски делител зиведен со отпорници ако минималното напојување на колото е со +-6V симетричен напон. Кога ќе се пали колата напонот на акумулаторот знае да падне и до 9V (ако не и повеќе, не сум сигурен, ако некој знае повеќе нека ме корегира), па поради тоа симетрилниот напон на краевите на колото ќе падне на +-4.5V, што значи дека колото ќе престане да работи, а може дури и да се оштети операциксиот засилувач :S. Никогаш не се става за напојување минималниот можен напон на напојување на определено коло, освен ако не си 100% сигурен дека напонот на напојување нема да падне под таа минимална вредност, особено кога станува збор за интегрирани кола
.
Ако сакаш да поминеш евтино (без да изработуваш комплициран конвертор од обичен еднонасочен во симетричен напон, туку да пројдеш само со напонски делител), ќе треба да бараш интегрирано коло (двоен операциски засилувач) со мнимален симетричен напон на напојување од +-3V (што е малку тешко да се најде, но не невозножно
).
Еве ја шемата за напонскиот делител.
Моќноста на опорниците не знам колкава треба да биде (ова можеби со некој друг ќе треба да се консултираш). Само што доколку ја користиш оваа шема (со напонскиот делител), на влезот на аудио сигналот од subwoofer филтерот (од шемата од линкот за филтерот) ќе треба да ставиш во серија заедно со отпорниците R1 и R2 и по еден кондензатор со вредност од 47nF до кај 100nF (пластични). Исто така, можно е да треба да се стават и два кондензатори паралелно на отпорниците R1 и R2 (од шемата на сликата погоре) за да се спречат ВФ пречките од палењето на колата да стигнат до филтерот, ама за ова не сум сигурен, не ме земај за збор, не се разбирам толку многу од коли и акумулатори и пречки генерирани при палење на кола :S.