Конекцијата на панелот
(слики, слики...)
А, ништо не правиме
. Не се гледа T-Con-от
. Добро, тоа е тоа... најверојатно може да се расклопи панелот, ама ај сеуште да не одиме во таа насока. T-Con-от е една од работите која поретко се зезнува, така да... ај да го оставиме тоа како последна опција
.
Ова со Т-con, претоставувам дека збориш за чип кој што е во самиот панел, ...
Да, T-Con или Timing Controller. Тој чип одредува на кој пиксел што и во кое време треба да се прикаже... од каде и му доаѓа името Timing Controller
.
Сега, да прејдам на она што сакав да го пишам. Го гледаш ова?
Гледаш, изгледаат како да се малку „излижани“... не верувам дека си правел „стави-вади“ на конекторот, но можно е некако да се мрдал внатре, во самиот монитор и да го предизвикал ова „излижување“ на контактите. Практично, ова не е излижување, затоа и го ставам терминот во наводници, ама на прв поглед, така изгледа. Едноставно, настанала оксидација на контактите. Од високиот напон кој се наоѓа во близина (од неонките) малку се запрашиле, па тоа измешано со чад од цигари или кондензација на вода, а и општо, самиот воздух што го дишеме, да доведе до таложење на еден тенок непроводен слој на контактите, а со тоа и лоша проводност
. Ова е почеста ситуација кај лаптопи, не и кај монитори, пред се бидејќи LVDS кабелот кај лаптопите постојано е во „движење“ (отвори-затвори лаптопот
), но и кај монитори сум го начекал еднаш или два пати. Искрен да бидам, за едниот од нив не ме ми чудеше, стоел во кујна и го користеле како телевизор
. Другиот бил монитор во канцеларија во некој склад, така да, и за таму не ме чудеше... влага, топло-ладно... се тоа си влијае
.
Да скратам, пробај го следново. Земи бургиичка 0.7mm, монтирај ја на гравирка, стави ја на најмал број на вртежи и на оригиналниот LVDS кабел, оној на оригиналниот контролер, земи подгребни ги малку контактите. Ако не се осеќаш сигурен да го правиш ова со гравирка, може и со игла или со некое вакво или слично алатче
.
Откако ќе ги гребнеш по површината, стави го пак LVDS кабелот во мониторот и остави го да работи, ама пушти нешто динамичко да оди на него (видеа... YouTube е одличен за таа намена
) и остави го така да работи два три дена, не го гаси. Ако не почне трепка и да гаси, си го решил проблемот
.
Дали е тоа целиот борд или одреден чип кој ги прецесуира податоците и ги пренесува кон матрицата или е поим за сосема нешто друго?
Најчесто така го викаат целиот board кој е на LCD дисплејот... иако 90% од работата ја врши чипот кој се наоѓа на таа плочка (најчесто е само еден... порано имаше и други кои му „помагаа“ на главниот, ама сега најчеста ситуација е да има само еден) и без него, ништо не работи, но останато е како термин... T-Con board или T-Con плочка
... или само T-Con-от
.
T-con е цела процесирачка плоча како во следниов пример (некоја рандом слика - можно е да е и од некој TV).
Да, така е
.