шансата да има проблем е минимална бидејки освен се што е детално прегледано по шемата туку и еден пријател го има направено и кај него дава исто. Дали има повеке типови на вати или што е работата не знам. Или реални и фалбаџиски вати
Епа тогаш изгледа нешто шемата има проблем. Не знам, не сум експерт за вакви работи, ама ако двајца го имаат направено и двајцата го имаат истиот проблем, поголема е шнсата проблемот да е во шемата, не во луѓето што го изработиле.
Него друго ме интересира, нема ли интегрирани FM засилувачи, мислам некои засилувачи со интегрирани кола што можат да даваат барем 10-15W моќност. Нема такви? Пошто гледам дека вака се мачите, ако случајно има такви засилувачки интегрирани кола (верувам дека има), да не си праите „од готово вересија“ (ко што викаат старите), најдете некоја шема за таков заилувач. Сигурен сум дека многу полесно ќе проработи и дека му се потребни многу помалку околни компоненти
.
Него колку такви "радио станици" има во таа населба? Дали случајно имаш слушано од каде до каде се фаќаат и сл. ?
Охоооооо... колку сакаш ги има, помини со кола или со портабилно радио низ Чаир, Север, Дижонска, само „ѕма, ѕма, ѕм“ ќе слушаш. Особено со оние чкартните од Бит пазар што се радивциња, оние со копче за scan. Тие само тао фаќаат. Не ради друго, зрачната моќ на сигналот е прејака, а они слаби антенички имаат па само тоа фаќаат. Згора на тоа, не ни предваат стерео, само моно, иако пилот сигналот за стерео оди, ама сум проверувал, скоро сите моно предваат. Пилот сигналот за стерео го предваат само за може да ги фаќаат и поквалитетните радиа кои имаат аuto scan, бидејќи поквалитетните не се „водат“ само по зрачна моќ на сигнал кога скенираат, туку и по тоа дали станицата има пилот сигнал за стерео или не. Ако нема, односно ако предава моно, може и да ја рипнат, да не ја меморираат
.
Диви радио станици таму има сигурно едно барем 10-тина. Дометот на предвателите им е горе долу цело Скопје, иако предаватлите се поставени на врвови на згради, значи немаат репетитори. Баш поради таа причина, зашто немаат репетитори, мораат да предаваат со многу поголема моќност одколку нормалните радио станици (како што реков, барем со 4 до 5 пати поголема моќност од дозволената) за да може да ги чуе цело Скопје „нали“ :S.