Често производителите на мобилни телефони знаат да додадат некоја „цака“ (отпорник со некоја вредност од D+ или D- према GND или Vcc) за да мораш да купиш од нив полнач ако ти се расипа стариот... или ако ти се расипа data кабелот. Често знаат да ги интегрираат овие отпорници и во data кабелот и во полначот. На пример, во полначот има еден отпорник од D+ према маса, а во кабелот има еден од D- према Vcc, така да, мора да ја „погодиш“ комбинацијата „правилен полнач со правилен кабел“
. Глупости на квадрат
. Порано, кога секој производител си правеше различни конектори, на производителите лесно им беше од луѓето да „изнудат“ пари за нов полнач, ама сега, кога (практично, несакајќи) се унифицираше кабелот за полнење (и комуникација), мораше некои други мајмунлаци да прават за да им се продаваат каблите и полначите
... инаку, можеше без проблем да земеш полнач од Alcatel и кабел од LG и да полниш Samsung smartphone
.
Најдобро е да побараш шема според производител. На пример, еве за Samsung што вади
.
https://www.google.com/search?q=samsung+smartphone+charger+schematic&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=0ahUKEwiW08Du6trMAhVB8RQKHX3HC14Q_AUICCgC&biw=1152&bih=715
Пробај некоја од шемите што ќе ти ги извади online. Ако има некои додатни отпорничиња, постави ги според шемата и види дали ќе проработи
.