Author Topic: Проблем со ТВ Sony Trinitron KV-M2171K  (Read 1653 times)

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Проблем со ТВ Sony Trinitron KV-M2171K
« Opened on 14.09.2015, Monday, 22:28:35 (Edited 08.09.2019, Sunday, 22:06:11) »
Ми треба мала помош во врска со наведениот тв, првобитно има претрпено струен удар, од оние кога снемува струја на секунда и веднаш се враќа, после доаѓањето на струјата, не се вклучувал воопшто, немал ни Standby. Го отворив, имаше изгорен отпорник/осигурувач R615, кој ги поврзува плусот на главниот филтерски кондензатор и првиот контакт од чопер трафото. Во исто време ги променив повеќето електролити во примарен и секундарен дел, ги прелемив STK5706, TDA8139, грецот, транзисторите, ВН трафото, тјунерот и некои други поситни компоненти. Добив Standby, и го вклучив телевизорот преку далечинско, меѓутоа излезе само она зеленото OSD што покажува на кој канал е моментално, и тоа цело пикселирано како со рецки на краевите и мрдаше на сите страни, стои горе десно, ама игра во место не знам како да објаснам :)
Освен тоа слабо осветлено осд, не се појави ништо, и екранот испушта некоја неподнослива фреквенција што мислам дека не е нормално до тој степен да пишти. По понатамошна проверка по делови, излезе дека потенциометарот за вертикалата, врзан на STV9739 е 7,5 килооми, наместо 10 според шемата, и откако го заменив него, го добив резултатот на сликата, само една тесна хоризонтална линија, и колку и да го штелувам потенциометарот, таа не се менува, го вратив и стариот потенциометар, пак ист случај, хоризонтална линија. 
Напоните на STV9739 се офсет, на VSS наместо 24, има 30 волти, со потенциометарот можам да ги спуштам до 29 и тоа е тоа, на IN V при вклучување има 2.7v и после некоја секунда паѓа под 1волт, а одејќи наназад по 24 волтната линија, сфатив и дека шемата не е баш најпрецизна со компонентите, а ни со вредностите, но не можев да најдам поадекватна од оваа.
Блок кондензаторите околу ВН трафото се проверени и се во нормален опсег, буквално секоја диода е проверена и D501 е заменета ради реда, електролитите и едно блокче околу вертикалата се заменети за секој случај, транзисторите се проверени, нема некоја куса врска колку што можев да забележам, поголемите и покритични отпорници се проверени и се до децимала точни.
Катодната цевка се гледа дека свети, не знам колку ви значи тоа, но веројатно е добро да се знае.
Напоните се прилично уредни:
B+ 136 волти, на C плочата има 189.6 и 4.90 волти
На TDA8139 има уредни 5 и 8 волти на краевите, другите не ги ни мерев, а не стигнав ни STK5706 да го измерам, не сакав многу да го малтретирам тв-то така да зуи. Полека почнувам да останувам без идеи, не знам кој пат да го фатам понатаму, па ако имате некој совет, би ви бил благодарен :)

Service manual:
Code: [Select]
http://www.mediafire.com/view/26dba46dcpdldw8/kv-m2170a.pdf
Модел: Sony Trinitron KV-M2171K

Шасија: 1-657-783-11 кобајаги BE4b колку што прочитав по нет

Чопер: Orega 40326-35

Tuner: BT-AC401 8-598-331-00

ЕЕРROM: ST24C02CB1

Процесор: SAA5290ZP/014

Слики од ситуацијата и од шасијата:






Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Проблем со ТВ Sony Trinitron KV-M2171K
« Reply #1 on 15.09.2015, Tuesday, 16:32:08 (Edited 15.09.2015, Tuesday, 20:32:03) »
Quote
По понатамошна проверка по делови, излезе дека потенциометарот за вертикалата, врзан на STV9739 е 7,5 килооми, наместо 10 според шемата, и откако го заменив него, го добив резултатот на сликата, само една тесна хоризонтална линија
Оваа интервенција не ја има направено грешката.

Барај кој (или ти) од деловите околу и за вертикалата ти имаат дадено автогол!!!
Пример IC905 STV9379 или R507 1R5 кратка врска, или незалемен извод или елемент итн...
http://www.youtube.com/watch?v=LkV2mVJqygI#




ПП.Малку off topic кој се однесува на повеќе членови кои преферираат да поправаат ТВ-а. Ништо нема здраво за готово. За помош се потребни податоци и ажурност во одговорите на поставените прашања (кои за жал се одговараат по два, три или повеќе денови, потребна е доволна информација за тоа што се работело, што се мерело, што се добило. кои биле вредностите, какви биле резултатите итн итн....
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Одг: Проблем со ТВ Sony Trinitron KV-M2171K
« Reply #2 on 15.09.2015, Tuesday, 21:21:34 (Edited 08.09.2019, Sunday, 22:07:36) »
Се осеќам тажно и глупаво баш ко овој на видеото..... :)



Калај од пазар, никогаш повеќе, тркнав до логинг, земав саглам калајче, прелемив се, лемовите светат како огледало, работи телевизорчево 2 часа без гајле. Него што да и правам на сликава сега што е вака обоена? Бојата преку мени е намалена целосно, пак има некој ваков розев/црвен тон со мала доза на зелена и преку скарт и преку тјунер. Пробав да штелнам G2, фокус мокус ама нема промени.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Колку се напоните на Rk, Gk и Bk. Која е димензијата на екранот. Колку е G2.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Ќе измерам веднаш и за секунда пишувам овде, еве го до мене е отворен и работи, само сакав да прашам прво, зборуваме за C плочата што е на катодната цевка позади, таму да ги измерам R,G,B и G2? Претпоставувам нема да направам некој проблем ако мерам со унимер на G2?

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Со унимер на опсег 1000V нема проблем.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Одг: Проблем со ТВ Sony Trinitron KV-M2171K
« Reply #6 on 15.09.2015, Tuesday, 22:05:03 (Edited 16.09.2015, Wednesday, 05:05:04) »
Епа има проблем хахахах, знаев дека ќе прави вака, се гаси екранот кога ќе допрам на G2, најверојатно заради малиот внатрешен отпор на унимерот, мислам дека е околу 10 мегаоми, така да не можам да измерам G2 нажалост.
B --> варира околу 2.3
G --> варира околу 3.2
R --> варира околу 2.6
5V --> 4.82
190V --> 189.6

ЕДИТ: Големина на екран 51цм

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Се мисли за напоните како на сликата Rk, Gk и Bk .

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Одг: Проблем со ТВ Sony Trinitron KV-M2171K
« Reply #8 on 15.09.2015, Tuesday, 22:38:10 (Edited 16.09.2015, Wednesday, 05:05:50) »
R --> Варира од 97 до 110
G --> Варира од 68 до 72
B --> Варира од 114 do 122

Се извинувам што не се разбравме претходно, бидејќи има и други R,G и B на плочата, исто се бележани со оние од ВН трафото, без К на крајот се и ваму и таму.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Проблем со ТВ Sony Trinitron KV-M2171K
« Reply #9 on 15.09.2015, Tuesday, 22:44:16 (Edited 15.09.2015, Tuesday, 22:47:29) »
Quote
R> Варира од 97 до 110
G> Варира од 68 до 72
B> Варира од 114 do 122
Индикацииите се дека екранот е на крајот од „животот“.
За проба ако имаш регенератор пробај да го регенерираш (иако тоа е само да се увериш дека не чини екранот а не дека е решение).

ПП. Сликај ја плочката од внатрешната страна (обратно од претходната слика од мене)
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Одг: Проблем со ТВ Sony Trinitron KV-M2171K
« Reply #10 on 15.09.2015, Tuesday, 22:59:12 (Edited 16.09.2015, Wednesday, 05:11:44) »
Ма јас цело време му се мислев да не е до него нешто, само се надевав дека не сум толку баксуз.. Само ме чуди како така наеднаш да отиде, до пред некој ден комшијава вели дека имал одлична слика додека не настанал дефектот, можно ли е наеднаш да бидне таква беља? Инаку регенератор немам, а и немам време за да барам тоа богами, веќе три дена од животов ми потроши телевизоров за да стигнам до заклучок дека му нема спас :D
Не знам што друго би можел да пробам, да не ми излезе џабе толку работа и време...
А Тома, би можел ли ако не те мрзи и не ти е мака, да ми објасниш од прилика кои волтажи се нормални за RK, BK, GK и дали тоа доаѓа пропорционално зависно од големината на екранот и разните видови на трафоа или како одат тие работи, еве на пример конкретно за овој модел кои би биле нормалните волтажи. Инаку јас врска немам, ова ми е втор телевизор што го работам во животов, првиот ми беше пред некое време исто барав помош овде, сепак научив понешто за телевизориве, и сум ви многу благодарен :) понекогаш не е важно дали ќе се поправи апаратот, туку искуството.
ЕДИТ: Сега видов дека си пишал за плочката




Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Проблем со ТВ Sony Trinitron KV-M2171K
« Reply #11 on 16.09.2015, Wednesday, 00:02:09 »
Заврти го RV701 (напонот за G2) се додека не добиеш повратни линии при максимална светлост и контраст, а потоа при минимална светлост и контраст врати го RV701 (напонот за G2) се додека не се изгубат повратните линии па напиши за резултатот или сликај!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Одг: Проблем со ТВ Sony Trinitron KV-M2171K
« Reply #12 on 16.09.2015, Wednesday, 00:30:41 (Edited 16.09.2015, Wednesday, 05:15:29) »




Сега па на зелено сврте :S ама и кога ќе појачам контраст и светлост пак си е црвено

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Проблем со ТВ Sony Trinitron KV-M2171K
« Reply #13 on 16.09.2015, Wednesday, 00:48:27 »
Со оној црниот тример потенциометар (до подножјето) нагоди го фокусот!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Одг: Проблем со ТВ Sony Trinitron KV-M2171K
« Reply #14 on 16.09.2015, Wednesday, 01:13:33 »
Го нагодив и фокусот, црвената се потсреди, само уште зелената остана по малку да се прикажува, ама мислам дека е добро и вака, на крај краева толку е од стар телевизор, битно не е како прееска црвено до бесвест, сега може да се гледа нормално. Тома, баш ти благодарам, имаш реп+ од мене за ова, абе цар си значи :)