Дарко, не го сваќај батка погршно. Тој има строги критериуми кога се работи за звучни кутии или озвучување воопшто бидејќи тоа му е професија. Го познвам лично и сум присуствувал на разни манифестации во Велес каде што тој има озвучувано. Од приредби до митинзи. Се разбира со професионална опрема. Неговите критики немој да ги сваќаш погрешно, туку напротив тие се конструктивни. И јас имам направено звучни кутии како за мој личен ќејф, со некоја кутии од прегорени звучници, ги заменив само со некакви слични, со различен отпор и лупнав некакви свртници кои не знам ни какви се. Но свират и за мене тоа е успех иако тие параметри не ги разбирам и секако не се соодветни. Сигурен сум дека и плусот и минусот се поврзани погрешно. Кога некој професионалец би ги видел ке се скини од смеење. Тие ми свират во мојата работилница кога работам колку да се слуша нешто. Кога веќе правиш нешто со голем мерак, пред да почнеш консултирај се со некого што тоа му е во крвта, тоа е и суштината на овој форум. Во твојот случај ти ја заврше работата и дури потоа побара мислење кое не ги исполни твоите очекувања. Батка не мисли ништо лошо со неговите критики, тој е голем перфекционист и сака кутијата да е погодена како што треба бидејќи цел живот се занимава со тоа. Доколку можеш нешто да подбриш со задоволство ќе те посоветува, тука е и слидермирц да даде и тој свое мислење. Во секој случај доколку ги направе тие кутии за свое задоволство, ете ќе ти кажам дека не изгледаат лошо и ти посакувам пријатна забава со нив иако можеби не се баш погодени. Нема потреба да се затвора темата, може да се дискутира што треба да направиш да ги подобриш параметрите и перформансите или што и да е.