Епа вака, после бааѓи време копање по нетов се решив да го изработам овај смпс
кој е дизајниран од страна на @macolakg а еве го и форумот од каде што е откопан:
http://www.elitesecurity.org/t446664-6-SMPS-za-pojacalo
Да почнам со ред, од тоа што го знам
Зошто целомостен смпс, а не плл или полумостен? заради компромисот помеѓу едноставноста и поузданоста. Предностите над полубрановиот смпс се напишани од самиот автор, а едина ралзика со плл која јас ја приметив, како недостаток е помал отпор на краток спој, но во поректов ќе се обидам да го убалжам тој ефект. Исто така не знам плл како би работело со повеќе транзистори што значи моќта на некј начин е поограничена.
Кај полубрановите смпс-а клучен фактор е сториџ елементот, однодно индуктивитетот после трансформаторот. Доколку имате потреба од повисок напон треба да намотате стотици намотки односно десетици торусни јадра. Исто така, кога ќе го мотате јадрото, дебелината на жицата треба да е соодветно димензионирана, така да поссле првиот слој, ефикасноста(поради оддалеченост одјадрото)се намалува, па треба да мотате уште повеќе намотки. Кај полномостните напојувања сториџ елементот не е чритичен и може да помините со едно јадро и со неколку десетици намотки.
Моќта на уредот зависи најмоогу од јадрото, а спецификациите на одредено јадро може да ги видите во даташитот за него. Кај јадрото е најбитна максималната фрекфенција (исто и кај сториџ јадрата) и ситурацијата. Иако кај целобрановите напојувања ситурацијата е дупла, односно ако кај полубранов исправувач максималната ситурација е 1Т кај целобранов ќе биде 0,5Т бидејќи апсолутната вредност ќе биде повторно 1Т(нели по 0,5 од двете периоди, па од пик до пик па ќе имаме 1Т), но овој недостаток се компензира со поголемиот напон на кој работи напојувањето, односно помалата струја за иста моќ.
Намотките се мотаат бифиларно(ако може некој да постави слика би било добро за бифилари намотки) во ист правец исто како кај обичните трансформатори со таа разлика што се мотаат 1/2 од бројот на примарните намотки, па се мотаат сите секундатни намотки, па се домотува примарната намотка околу секундарот..т.е. секундарот треба да дојде како во сендвич од примарните намотки.
Сториџ јадрата се мотааат атипаралелно. Покрај ограничувањата од јадрото за брзината на фрекфенцијата има ограничување и од полупроводничките елементи(рековери тајм), па со биполарните транзистори може да се постигнат повисоки фрекфенции, додека фет-овите се потроми и нивните граници се околу 100кхз. Секако тука треба да се спомнат исправувачките диоди кои што треба да имаат што пократко време на опоравување, одноисно што помал пад на напон.
Секако не треба да се занемари скин ефектот, па со тоа се одредува пресекот на жицата. Доколку овој ефект не дозволува соодветно дебела жица за мотање на трафото, може да се мотаат неколку жици паралелно. За да не се плетка жицата може да се уврти и тоа нај лесно е едниот крај да се врзе на некој фиксен елемент(столица на пример) а другиот во бормашина и да се уврти, на тој начин да се добие целина. При тоа не треба да се претера со увртувањето поради што за ист број на намотки ќе се зоглеми должината и јаловиот отпор, а може да дојде и до пукање на лакот или кинење на жицата. Добро е на трафото да се постави мал ладилник.
Овде
http://www.diysmps.com/forums/showthread.php?250-IR2153-smps-with-short-circuit-protection/page33
во сликата "Current Sense.bmp" (последниот пост, мора да се најавите) има решение за заштита од краток спој, па ќе видиме како ќе функционира во пракса. Трафото е врзано сериски со главното трафо, примарот се мота со иста или подебела жица, додека секундарната намотка не е критична бидеќи требаат само неколку милиампери, а слободната точка се поврзива со пин 3 по првото иц.
Е сега пошто некако мн текст ми дојде најверојатно има нешто испуштено, но може слободно да ме прашате што знам ќе кажам, што не се надевам дека некој ќе ме надополни.
Споено мислење: [time]12 Ноември 2014, 07:11:17[/time]
Еве тука има добра представа за бифиларно мотање.
тука има табела за максимална струја и појава на скин ефект кај проводник со одреден пресек
http://www.cablesandconnectors.com/wiregauge.html
На следниот линк има некои обајснувања околу пресметките за бројот на намотки, иако е претежно за полубраново напојување, исто е и за целобраново со тоа што на крај се дуплираат намотките, те.. ако сте добиле 7 вам ќе ви бидат потребни 14, поради што напонот е дупли.
http://tahmidmc.blogspot.com/2012/12/ferrite-transformer-turns-calculation.html