Марката на мојата графичка е наведена во насловот..
Тоа е серијата на графичкиот чип, не „марката“ (брендот). Кој ти ја произвел графичката (Asus, Gigabyte...), тоа е „марката“ на графичката. А освен тоа, и они имаат различни серии со исти графички чипови. Им се разликува големина на RAM, такт на работа, изведба на плочката, нормална големина или SFF, со пасивно или активно ладилно тело, итн.
Околу проблемот, неколку прашања.
1) Дали користиш некој софтвер за clock-ање на графичката картичка?
2) Дали кулерот на графичката картичка работи исправно (дали „брчи“, дали врти, со колкава брзина врти, итн.)?
3) Дали си мерел напони на напојување на матичната плоча (најважни се 3.3V-ниот, 5V-ниот и 12V-ниот), но кога напојувањето е оптеретено (кога е приклучено на матичната плоча, при нормална работа)?