Ако батеријата е за HTC One Mini M4 од 1800 mAh и напон од 3.7V и ако е можно да се приклучи светилка (сијалица) од 4.5V (пример) 1W би требало да светли околу ~2 часа.
Ова не е паметно. Ова се Li-Ion батерии, напонот на излезот од батеријата не смее да падне под определена минимална вредност. Ако напонот падне, батеријата е потоа веќе оштетена и неупотреблива. Ќе се полни, но ќе држи само неколку часа и при разговор, нагло ќе се празни (практично, може да се случи по неколку минути разговор од целосно полна да падне на целосно празна и да се исклучи телефонот).
Најдобар тест е да проба да ја наполни Кинеската батерија на HTC One Mini и да ја користи батеријата со него. Ако нема проблем и си тера исто (или скоро исто) колку и оригиналната батерија, значи дека Кинеската копија има проблеми со колото за контрола и полнење на батеријата... а можно е и софтверски проблем да е, не е исклучена и таа можност.