Од метал ќе биде 100% Ти дан знаеш некои луѓе што би можеле да ми изработат вакво нешто по Скопје ?
Било кој дреар би требало да знае да изработи вакво нешто. За жал, не знам дреари, кога ми требало дреар, најчесто сум одел преку луѓе кои знаат дреари
. Ако сакаш може да прашам, па да пишам тука
.
Но, они може да изработат едно, две три... не верувам дека ќе се нафатат да изработат, на пример, 100 вакви. Изработката е рачна, одзема време и на крај скапо ќе те фати вкупиот број на изработени парчиња бидејќи цената на изработката не паѓа со зголемување на количината, како што е случајот во индустриското производство.
Мислам дека подобра идеја ти е да почнеш да се распрашуваш во кои модели на коли има вакви преносници за бришачи или за стакла за врати кои имаат метален пренос, не пластичен. Вакви информации може да најдеш кај електричарите во сервисите за коли
. Тие најчесто знаат кои се поквалитетни, кои побрзо се расипуваат и слично, а сигурен сум дека голем дел од нив ги имаат отворано овие механизми и знаат кои се со пластични, а кои со метални преноси.
На крајот на краиштата, сигурен сум дека има online заедници посветени на вакви работи
. Побарај на Google, верувам дека ќе начекаш некој форум посветен на електрична механика за коли
. Прашај таму, би требало да добиеш одговор на ова прашање
. И потоа, со листата на модели, ќе се шеташ по продавници за делови на коли и ќе гледаш кој од овие механизми има најевтина цена
. Мислам дека за конкретниот случај, ова е најисплатлива опција.
Ќе се распрашам, не сум сигурен како се вика фирмата, правеа некоја прецизна механика, најчесто за извоз им е
А, ако им е само за извоз, најверојатно скапа им е изработката :S. Не дека ваква работа е евтина, општо, скапо би чинело, но затоа се користи само за извоз :S. Само странци може да си го дозволат тоа.
EDIT: Моќни степ мотори не би завршиле работа?