Author Topic: Дискусии околу работа во приватна фирма/компанија  (Read 2546 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Дискусии околу работа во приватна фирма/компанија
« Opened on 05.07.2013, Friday, 23:18:34 (Edited 06.07.2013, Saturday, 00:53:16) »
Од по одамна сакав да отворам ваква тема но еве дури сега дојде и редот :)
Па во оваа тема сакам да продискутираме околу вашите и туѓите искуства со македонските приватни фирми и работодавачи, како и најгорливото прашање: работничките права.

Сите ние знаеме дека генерално во мнозинството од приватни фирми нема работнички права туку има уцена и сила од типот: ако не ти се свиѓа ене ти ја вратата, а ако мораш да работиш ќе му потклекнеш на правилата кои ги наметнува самата фирма (газдата) а тие секогаш и секогаш се во негова полза а не во полза на вработениот па така во голем дел од приватните фирми:

- Се работи прекувремено (повеќе од 8 часа дневно) а некаде и по 12 часа! Сите знаеме дека ефективната концентрација е до кај 6тиот час а на 8миот час сме веќе уморни. НЕМА БОНУС како во културните фирми како на пример по 8миот час саатницата ти се вреднува х2 или х3. Уствари каков бонус какви бакрачи, нема ништо да ти платат за прекувременото работење.

- Се работи повеќе од 40 часа неделно, односно 48 часа (понеделник до недела... односно секоја сабота е работна) па во еден ден одмор дали попрво да се прошеташ, дали да се видиш со другарите, дали да најдеш женска, дали да се одмориш, дали да исчистиш по дома или да завршиш било која друга активност. Ако сакаш да отидеш на викенд на некоја планина или езеро па да преспиеш една вечер во хотел нема шанса или имаш фамилија, зајеби воспитање на децата, нека ги воспита улицата :(

- Работа на државни празници, нема никаков бонус за работа на празник.

- Нема пауза од 30 минути која ти е дадена со закон.

- Нема опрема за заштита при работа па така Бог нека ти е напомош!

- Најчесто нема годишен одмор од 21 работен ден, а во многу фирми нема никаков одмор туку идеш 10 дена на одмор ама за тоа колегата најебува и ринта како за двајцата, а потоа тој иде на одмор па ти ринташ како за двајцата без ден слободен. Нема слободни денови!

- Има случаеви каде ти даваат документ во кој пише дека си остварил работни патувања, престојувања по хотели, ресторани, и на крај на документот треба да се потпишеш (перење пари)

- Во приватните фирми често работиш како за тројца луѓе па се случува да не ни доручкуваш за време на работното време.

- Ти даваат бланко документи да потпишуваш кои потоа секако може да ги злоупотребат против тебе како на пример: Обврзан си да работиш во фирмата 2 години а доколку дадеш отказ не смееш да работиш во конкурентска фирма најмалце 2 години, во спротивно должен си да ја обештетиш фирмата со _______ плати.... и ајде на крај стави потпис и после ако дадеш отказ и отидеш во конкурентска фирма во празната линија газдата ке си допише може 100 плати и ?!! Што правиш? Се бесиш, се труеш, играш руски рулет, се пијанчиш му се враќаш на газдата и го казнуваш? Дали ваквите договори се валидни и кога ке се видите со газдата на суд не знам.  Можно е и да не се, туку се за заплашување на наивни луѓе кои освен работата не се запознаени со правото. Еј замислете дрскоста на некој работодавец да отиде до тој степен па да наведе во договорот дека сите од женски пол треба да му "дадат" на газдата  :D пред да ја напуштат фирмата. Нели ваквиот договор би бил невалиден  :)

- Секогаш мора да си потчинет према газдата, секако да трпиш и мобинзи, уцени, да те манипулира и убедува дека црното е бело и белото е црно.

- Платите се околу 200 евра (само за сметки) а поретко идат и до 250 евра. Исклучок се економистите, програмерите, електроничарите и сл. кои се платени и над 500 евра.. како и јас ;)

- Држат непријавени работници и секако се дообро врзани со дел од инспекторите на УЈП кои не ѓи чачкаат!

- Нема постојано вработување, туку потпишуваш договор на секој 6 месеци. Пред секој 6ти месец се тресеш дали ке ти го продолжат договорот.

- Не можеш да земеш банкарски кредит бидејки имаш договор за работа на 6 месеци.

- Газдата е мисли оти тебе те створиле мама и тато, за него.... те образовале, те чувале, те направиле човек и го посветиле цел живот на тебе за да се "венчаш" со некоја си фирмичка и целосно се посветиш на истата и ке ги поминеш најубавите (млади) години од животот и ко ќе видиш поминале години години во работа а ништо не си направил. Секако пак истото правило од погоре, ако не ти одговара марш надвор!

- Знаеме дека ако си трудољубив, работлив (вреден) ефективен, и способен ама мирен никој нема да те примети ниту плата да ти покачи, а ако утнеш мааалце нешто одма ке ти се нафрлат како бесни џуќели. Од друга страна ако си улизувач (познато како гзолижач... со извинување) ако знаеш како да му се пикнеш под кожа на газдата (ај да не речам под маса) или ако си некоја атрактивна женска која е лесна.... не мора да ги имаш горенаведените карактеристики и тогаш имаш просперитет, сигурност и висока плата. Нај трагично е кога доленаведениве се силат на горенаведените и им се прават Газди.

- Во огласите  бараат луѓе со работно искуство од 1-2-5 години. Бреј мајката, па кој е тој што се родил со искуство. Јас како што знам и газдите го стекнале нивното искуство со работа во друга фирма, а пред тоа немале искуство туку само теоретско предзнаење или ни тоа.

Значи, не си идеш дома се додека има работа па макар и 18 часа работиш, а секако дека нонстоп има работа кога максимално се штеди на луѓе (и секако пари) Се бара брзина и ефикасност... епа брзина и квалитет не идат заедно бре газди ни едни! Те цедат како лимон и кога ке те исцедат те фрлаат у канта за ѓубре! Јасно ли ти е?! Зошто не сакаат да вработат некој кој има 40 години? Па тој човек е поискусен и по добар во работата од некое дете на 25-6 години. Ама оној од 40 години не може да го понижува, лаже, манипулира, уценува, да ринтачи како луд и да не му плаќа прекувремено.

Секоја чест на исклучоците и поштените човечни работодавачи.

П.С. Во овој пост ги разработив екстремните случаеви а не сите, немој сега некој будала да рече оти сум рекол дека сите фирми нечинат или сите овие карактеристики ги поседуваат работодавачите/фирмите! Е сега колкав процент се добри а колкав процент се лоши проценете сами.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
НЕ Е СÈ ВО ПЛАТАТА...

Пет причини зошто најдобрите вработени даваат отказ

Во бизнис сферата во последниве години почна да важи едно правило кое гласи дека вработените не ги напуштаат компаниите, туку своите менаџери. Уште поголема штета е кога најдобрите вработени ќе си заминат од компанијата, не заради плата или услови, туку заради човечкиот фактор. Делува чудно вработен кој зема солидна плата да си замине, но за некои платата не е сè. Особено, ако знаете дека вредите на пазарот на трудот.

1. Немање визија

Ако сте менаџер мора да се соочите со една непријатна вистина - најголемиот дел од вработените не доаѓаат на работа со намера да ја достигнат бројката неопходна за да ви функционира компанијата. Повеќето доаѓаат за да сработат и да си ја земат платата. Затоа и треба да им овозможите да ја погледнат вашата визија за компанијата. Лошото е ако ја немате. Доколку имате способни вработени тие веднаш ќе забележат дали знаете каде ја водите компанијата. Немате ли визија, нема да имате квалитетни вработени.

2. Комуникација

Во една компанија не може да очекувате да има некоја посебна емотивна поврзаност на вработениот со компанијата и обратно. Тоа е чист бизнис и и двете страни би требало да се добро свесни за тоа. Но, менаџер не смее да остане глув кога се вработените во прашање. Ако гледате дека имаат нешто да кажат не само што треба да бидете подготвени да ги ислушате, туку и да ги поттикнете да зборуваат. Ако забележат дека ги сметате само за обична бројка во вкупниот број вработени, тешко дека ќе ги задржите.

3. Мотивација

Третманот „сите да земаат иста плата“ е толку стар што е чудо зошто уште е успешен. Зошто е погрешен? Треба да сфатите дека сите што земаат иста плата, не работат исто. Некој од вработените секогаш ќе работи повеќе од останатите, а ако сте надреден треба да знаете да ја процените продуктивноста. На крајот сè се сведува на едно прашање - зошто би изгубиле вработен кој работи повеќе од останатите? Затоа мотивирајте ги таквите луѓе. Бонусот е совршен начин за мотивација.

4. Иднина

Мотивиран вработен кој одлично си ја знае работата нема намера да тапка во место долго време. Тој одлично ќе ги процени потенцијалите на компанијата и ќе види дали треба да остане тука. Прашањето е - што да направите за да го задржите? Дозволете му да ви ја претстави сопствената визија за работата. Обично амбициозните луѓе не само што можат да ви помогнат да одите напред, туку и можат да си создадат нова позиција за себе.

5. Забава

Воопшто не е случајно што големите компании како Google или Facebook вложуваат средства во работната средина со која се опкружени нивните вработени. Ако имате вработен кој осум часа седи на биро, нему му е потребен некој начин за да се релаксира. Иако повеќето мислат дека блокирањето на Facebook е супер одлука за да се зголеми продуктивноста, тоа може да се покаже и негативно. На некој начин им ја земате играчката на вработените која им служи да се релаксираат малку од работата. А и што си мислите, дека нема да најдат начин за да се логираат?

Овој текст е на М.Т. и е превземен од kajgana.com
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
4. Иднина

Мотивиран вработен кој одлично си ја знае работата нема намера да тапка во место долго време. Тој одлично ќе ги процени потенцијалите на компанијата и ќе види дали треба да остане тука. Прашањето е - што да направите за да го задржите? Дозволете му да ви ја претстави сопствената визија за работата. Обично амбициозните луѓе не само што можат да ви помогнат да одите напред, туку и можат да си создадат нова позиција за себе.

Има огромна вистина во се ова што е кажано. Но цитираниов пасус...
Ова не важи кај нас...
Зошто???
Затоа што менаџерот се плаши доколку работникот е подобар од него...А има многу многу такви ситуации..Со тоа што нему ке му даде шанса за да ја претстави сопствената визија и да проба да помогне било како, односно може да испадне дека визијата на работникот е многу многу попродуктивна одколку на менаџерот...И? Постој веројатност да си ги заменат местата. Но тоа не смее да се помисли а камоли да се случи...За кај нас зборувам...
На запад е друга прикаската...Луѓето таму си се како програмирани и секој си ја знае работата.
Доколку имаш визија и си подобар, бујрум...Повели, направи нешто за компанијата, ке биде подобро за сите...
И се додека така се подредуваат работите кај нас, односно работник / мемаџери, нема да не биде...
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Дискусии околу работа во приватна фирма/компанија
« Reply #3 on 06.07.2013, Saturday, 00:35:28 (Edited 06.07.2013, Saturday, 00:39:38) »
Имаше еден оглас за вработување на програмер во една фирма и се бараа еден куп карактеристиќи кои треба да ги исполнува посакуваниот кандидат. Не памтам што беа ама буквално беше човекот да е во секоја смисла на зборот совршен Стварно аздисале тие што ги пишат огласите. Ако јас го знам сево ова:  C+, C++, JAVA, ANDROID, HTML,  дури и систем администратор, сам ке си работам а не ќе конкурирам кај нив.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Прво,газдите го прават тоа нарочито од неколку причини:
- сакаат за поевтини пари да добијат квалитет
- не сакаат совршен,ами послушен работник
- понекогаш кога сакаат да има помалку кандидати за да примат свој човек,ги ставаат тие услови за * совршен* кандидат.
- секогаш помагаат добрите препораки,ако ги имаш
- секогаш трудете се да учите сами и потребни и непотребни работи

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Значи далеку сум од вас, вашата возраст, работа искуство и слично...немам ни 18 и не сум работал ништо повеќе од хонорарно. Жално е што постојат толку многу луѓе...што црнчат по цел ден за минимална плата, а уште по трагично е што постојат толку многу газолижци. Па луѓе, најлесно е да “слезиш под маса“....биди човек и заслужи го местото.

Јас работав во ПАП светлосни реклами. Имав супер однос со сите, директорот и сл. Бев со 300 ден дневница, половина час одмор за ручек. Конкретно изработував такси табли светлечки...во Скопје што се со реден број. Работав 8 часа дневно понеделник-сабота, доколку имавме побарување останувавме прекувремено, добивавме јадење за тоа. Бев задоволен многу. Но сеуште постојат оние фирми, немора име да кажувам...ги цедат работниците, а се многу малку платени.

Секогаш важи она...чисто професионален однос, но кога им дадете малку слобода, и некој бонус..многу повеќе ќе ве почитуваат работниците и ќе работат. :D

Деновиве почнувам ко еден дуќан за озвучење, поправка не бела техника и сл. но не сум врзан со работно време, и не сум платен (понекогаш некоj денар онака :) ). Одам чисто да учам. Па ќе видиме како е :D

DX-er...каква школа имаш ти? и што работаш ако не е тајна? Алал да ти е чим си баран за толкава плата и сл. :))

...сам ке си работам а не ќе конкурирам кај нив.
во тоа е уметноста...да си доволно способен сам да се крениш! :D
- сакаат за поевтини пари да добијат квалитет

- секогаш помагаат добрите препораки,ако ги имаш
-не може тоа, сите убајни на едно место не оди...тоа на работни места за инвалиди го видов...па она е греота...цел ден душата им ја вади, не е хумано на крај краева и помала заработка да има.
- доколку работиш добро, секогаш ќе ги имаш...добро ќе работаш за евтини пари додека те научат. Фрли рипче-фати крапче. :D

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
batka се согласувам со тебе во целост, пред се јас ако сум работодавач нај битно ми е дали човекот е поштен, дали нема да ме поткраднува, дали нема да има лоши намери кои би биле на штета на фирмата, дали е како човек ОК (да не е ретардиран или некој психопата) а работата, искуството и знаењето ќе си дојдат со тек на работата.

Друго нешто што ги прави работодавачите во предност е огромната невработеност. Во првите 4 месеци од годинава се вработени само 4000 луѓе на ниво на цела држава, од нив 1600 во Скопје. Па со оваа бројка е трагично. Колку само го завршуваат своето образование секоја година а колку маалку се вработуваат. Ке завршат факултет па нема што да прават, нема работа и викаат ај ќе магистрирам колку да не седам така дома. Па ќе се вработат нешто сосем 10то од нивната професија и ќе се тешат дека тоа им е привремена работа додека не најдат нешто соодветно (посакувано) на нивната струка... или пак се надеваат дека ке заминат во странство каде ќе ѓи чекаат на црвен тепих :D и тамо ке имаат иднина :D оти тука нема иднина. Епа тамо во странство каде сеуште има економска криза и кога ке видат оти цела Европа, Америка и Австралија се пре-заситени од евтина работна сила од кинези, индијци, африканци, и дека нема да има место за нив ќе се разочараат. Добро ај може ке се вработат ама секако нема да заработуваат како да се жители на таа држава туку помалце па ете фрустрации. А да не заборавам, мислам дека нашите факултети не се признати во странство па така да ако имаат некое искуство ОК ако не џабе.. ке си работат во некој ресторан  >:(
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Види вака,целта на капитализмот во кој влегуваме е некој да биде богат ,а некој сиромав ,или поточно зависен за мали пари.Тука образованието не игра ама баш никаква улога.Видете кој се и на каков начин успеа да направи капитал! Значи работодавците се договараат за правилата на игра и дури контрираат ако државата сака да внесе конкуренција во некоја бранша.Тие нарочито ги држат на ниски плати работниците,ги држат зависни со каснење на плати,,намалување дневници,работни часови....
Синдикатот е надвор од игра и релативно е зависен од Државата и работодавцитеСубвенциите што ги добиваат како надокнада за запослуванје на работници,газдите ја злоупотребуваат.Дури има случаи т.н. заштитни работилници да ги испраќаат дома и им плаќаат мал надоместок,а за сметка на тоа тие земаат големи субвенции од државата што запослуваат вакви луѓе.И овие се среќни - седар дома и земаат пример 4000 ден без работа,а работодавецот зема уште 8000 чисти од државата.
Значи,младите со овој систем на школство немаат можност да се образуваат!! И сами велите - да не седам дома ке магистрирам!!! Без ден работа - магистер! Тоа никаде го нема.Илисе завршува некој факултет * богу иза леѓа* ,никој жив не чул ниту му треба тој смер и тој стручњак - *туризмолог*!??? Се збуткаа туристи кај нас па треба триста туризмолози годишно во МАкедонија да завршуваат.И после.каде со овие луге? Никаква пракса,искуство,за знаење не зборувам.Порано во Гимназијата *ЈБТито* излегуваа поспремни кадри ,отколку денес во Виница од факултетот за пример туризам.

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Дискусии околу работа во приватна фирма/компанија
« Reply #8 on 06.07.2013, Saturday, 01:59:08 (Edited 06.07.2013, Saturday, 02:21:45) »
Еве го охрид угостителскиов...носиш табака со факултет!

Единствен начин е да се докажеш доволно многу за да те бараат, а не ти да се убиваш. И во тој случај кога си толку спремен и се, пак не е се со сигурност.

Tие факултетите...виница, штип....тоа е само маска, имаат 4 години фора као се намали невработеноста додека не завршат факултет се бројат како студенти а не невработени. Кога завршат факултет веќе се е исто, али со тие 4 години владата направи многу (без партиска определба и слично, зборувам за состојбата).

А постариве зборуваат сите за колку е паднат критериумот во целото школство општо.

Споено мислење: 06.07.2013, Saturday, 02:21:45
И да...сакам да бидам попраен ако грешам, сепак неам до толку искуство O:)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Дискусии околу работа во приватна фирма/компанија
« Reply #9 on 06.07.2013, Saturday, 06:38:42 (Edited 06.07.2013, Saturday, 06:45:00) »
Види вака,целта на капитализмот во кој влегуваме е некој да биде богат ,а некој сиромав ,или поточно зависен за мали пари.Тука образованието не игра ама баш никаква улога.Видете кој се и на каков начин успеа да направи капитал! Значи работодавците се договараат за правилата на игра и дури контрираат ако државата сака да внесе конкуренција во некоја бранша.Тие нарочито ги држат на ниски плати работниците,ги држат зависни со каснење на плати,,намалување дневници,работни часови....
Синдикатот е надвор од игра и релативно е зависен од Државата и работодавцитеСубвенциите што ги добиваат како надокнада за запослуванје на работници,газдите ја злоупотребуваат.Дури има случаи т.н. заштитни работилници да ги испраќаат дома и им плаќаат мал надоместок,а за сметка на тоа тие земаат големи субвенции од државата што запослуваат вакви луѓе.И овие се среќни - седар дома и земаат пример 4000 ден без работа,а работодавецот зема уште 8000 чисти од државата.
Значи,младите со овој систем на школство немаат можност да се образуваат!! И сами велите - да не седам дома ке магистрирам!!! Без ден работа - магистер! Тоа никаде го нема.Илисе завршува некој факултет * богу иза леѓа* ,никој жив не чул ниту му треба тој смер и тој стручњак - *туризмолог*!??? Се збуткаа туристи кај нас па треба триста туризмолози годишно во МАкедонија да завршуваат.И после.каде со овие луге? Никаква пракса,искуство,за знаење не зборувам.Порано во Гимназијата *ЈБТито* излегуваа поспремни кадри ,отколку денес во Виница од факултетот за пример туризам.

Во post-ов е се објаснето. Нема што повеќе да се објаснува.

Само ќе надополнам дека се повеќе на број се факултети кои се наменети за брзо штанцање на кадри кои (нај реално гледано) немаат некое вистинско знаење и не знаат да се снајдат на терен. Сум сретнал и инженер кој не знае зошто не работи звучникот кој воопшто не е ни врзан за засилувачот ::). Гледа зад засилувачот, гледа зад звучникот и се чуди ::). Мислат дека се може wireless да се пренесе ::). Тоа е ми е поентата... им фали суштинско знаење. Во трката и брзањето за 2 или 3 години да ги научат се за програмирање/администрација/web дизајн, универзитетите ги заборавија вистинските вредности, она што навистина те прави инженер. Не е поентата во тоа да ја знаеш синтаксата на сите програмски структури од сите програмски јазици, тоа е учење на памет, тоа може секој да го научи. Поентата е да научиш да размислуваш во тој контекст. Доволно е да го сватиш приципот на програмирање на само еден програмски јазик, кај сите останати се разликува само синтакстата, логиката е иста. Е, арно ама, оваа логика на размислување, не се учи само со програмирање. Потребно е и познавање од математика, електроника, физика, хемија, како и уште еден куп други егзактни науки. Токму познавањето на овие науки ќе те направи подобар инженер и ќе ти го надогради начинот на размислување во сите останати инженерски струки. Моја лична дефиниција за добар инженер е следна: знае да се снајде (подобро или полошо) во скоро секој технички поврзан проблем/ситуација. Не викам дека ќе се снајде совршено, но прилично добро, со она знаење кое го имал на располагање од област која можеби и не му била примарна област на работа/познавање... или можеби не ја работел долго време. Тоа што го гледам во последно време... па, би рекол дека не е баш многу блиску до мојата дефиниција за добар инженер.

Мене лично ако ме прашате, и оние 4.5 години кои беа порано за инженерска диплома се малку. Јас мислам дека треба минимум 5.5 или 6 години да биде инженерското образование. По себе судам. Знам колку многу сум учел на факултет и знам уште колку многу потоа сум прочитал и учел и уште колку треба да читам... и да бидам искрен, и тоа мислам дека е малку.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline elektro

  • Нов член
  • *
  • Posts: 16
Дали и странскиве компании во Македонија го прават истото, Пример, Џонсонсовци, Мобилниве оператори т-хоме вип,  Програмерски компании Сивус...и др. или само Македонскиве

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
нема што да се разговара за работнички права единствени права кои ги имаш во нашата ни македонија ти се да работиш и ќитуш или да си дадеш отказ.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Дали и странскиве компании во Македонија го прават истото, Пример, Џонсонсовци, Мобилниве оператори т-хоме вип,  Програмерски компании Сивус...и др. или само Македонскиве

Зависи од компанија до компанија. Од Џонсон сум чул дека се прилично фер, прекувремено и викенди се доста платени. Сивус менуваат програмери како чорапи. Да, обучуваат бесплатно, ама потоа платите се ниски за тоа што го работиш, па затоа и си одат програмерите по истекот на договорот. Телеком се приказна сама за себе. Иако се приватни, исто како да се државни. Не знам колку колеги отидоа да стажираат со ветување за работно место, стажираа со години (а работеа се, од кафе куварица до поттрчко, само не како инженери или многу малку работеа како инженери) за на крајот да сватат дека ги мафтаат и дека не планираат да ги примат на работа туку само сакаат да имаат некој кој ќе им ги брка работите кој никој не сака да ги прави за без пари.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Сивус менуваат програмери како чорапи. Да, обучуваат бесплатно, ама потоа платите се ниски за тоа што го работиш, па затоа и си одат програмерите по истекот на договорот.
Kaко бесплатно? Еве имаат курс по ЈАВА за 160 евра. Си плаќаш и идеш на часови. Ама да те обучуваат за без пари па и да те вработат (па макар и за помали пари) мислам дека е премија.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Kaко бесплатно? Еве имаат курс по ЈАВА за 160 евра. Си плаќаш и идеш на часови. Ама да те обучуваат за без пари па и да те вработат (па макар и за помали пари) мислам дека е премија.

Па така, ако конкурираш за некое работно место, и притоа знаат дека ќе треба да те обучуваат, парите за обука ти се одземаат од плата. Поточно, знам дека ништо не те плаќаат, одиш на обуките и тоа е тоа. Колку време се обуките... зависи, не сум сигурен, ама мислам дека се од неколку месеци до 6 месеци, така нешто.

Вака беше порано, не знам дали е сеуште така.