@LordZi
јас не излегов 3 дена од таму, и сеуште нозете ме болат. Не ме интересираа толку новите станици од првата хала оти таму цените беа високи се разбира нови станици, една беше дури и 15.000 евра мислам. Во бувљакот имаше навистина интересни работи.
@batka и GigaWatt
Icom 7700 е мислам дека е 1200 евра половен ако е тој модел на кој што мислам, поновите станици беа од 800 евра па нагоре и тоа половни. Тие станици и немаат филтри па ако ставаш SSB i CW филтри потребни ти се уште едно 200 евра, ама тогаш имаш комплет станица.
Прашањето ти е навистина на место, јас долдо време размислував што да купам, најпрво сакв станица да купам и тоа Yaesu FT-950, ама по консултацијата со еден добар радиоаматер станица ке купам следната година или другата, тој ми рече дека за да работам со Yaesu FT-950 најпрво ми треба ротатор за антена , и пред се најважното ми треба антена и столб, оти ако не ги средам најпрво тие работи станицата ќе остане на полица.
Јас купив
HAM-4 antenna Rotator
100м RG-213 антенски кабел 50 омски
3 елементи Yagi beam за 7, 14 i 28 МHz
останатото како ЕМИ филтри, 50 амперски грецови, буксни, електролити, конектори и така натаму беа евтини ама овие три работи антената, кабелот и ротаторот ме фатија колку една подобра радиостаница, бидејки ги купив најдобрите, не гледав на цена туку на квалитет
Антената треба да ја составам, вака е во спакована верзија
а ова го добив бакшиш...
тоа е исправувач со регулација на струја од 1 до 4 ампери, внатре има сложена електроника
Споено мислење: [time]03 Јули 2013, 11:20:27[/time]
@batka
извини погрешна информација баш сега видов по сликата за која станица се работи, icom IC7700 не знам тошна цена ама е околу 7000 до 8000 евра колку што ми кажа еден радиоаматер комплетно со филтри вградени
Споено мислење: 03.07.2013, Wednesday, 12:30:15
иначе Icom IC7700 не е добра станица, многу е наџиџана и многу е нежна, не е тоа што му е потребно на еден добар радиоаматер, таа има многу ниски оцени добиено, таа никако не може да издржи како на пример FT-101Z.