Жити бога, те замолувам објасни што значат зборовите сфејчица, верглајне, трокира и бомбина . Нешто тешко ми оди со “дијалектите“.
како сакаш верглање и сфеќица да ти ги преведи, бомбина е правилно македонски инаку, прифатена е под тоа име и сегде се користи под тоа име, во стручната терминологија.
Проблемот беше повеќе околу дијалектот (барем јас така сватив), околу кој и јас се сложувам дека не е во ред да се користи насекаде на форумов. Сепак, можеби некој кој го чита форумов преведува со Google Tanslate, а дијалект, Google Translate (па и нитуеден друг преведувач) нема да преведе. Едно е да има post-ови со дијалект во секцијата за забава, но не и во главниот дел од форумот.
Не сум спомнал до сега (само сум корегирал), но некои членови навистина премногу слободно се изразуваат, од вулгарности до дијалекти, се можеш да начекаш. Не дека оние кои инсистираат на корекции (како Toma, јас и други членови) немаат литературна или граматичка грешка во нивните post-ови. Далеку од тоа, сите имаме, но целта е да имаме што е можно помалку. Притоа, како што пишав, во секцијата за забава можете како сакате да се изразувате, освен со вулгарности и пцости, но ако апсолутно морате да ги употребите, барем маскирајте ги со астериск, односно "*". Секцијата за забава е токму тоа: freestyle зона. Кој што сака може да си пише и како сака може да го пише ако мисли дека е интересно, забавно или смешно
.
сфејчица = СВЕЌИЦА, (spark plug) .
верглајне = ВЕРГЛАЊЕ (ЗАДВИЖУВАЊЕ, СТАРТУВАЊЕ) .
трокира = ПРЕКИНУВА .
бомбина = БОБИНА или ИНДУКЦИОНЕН КАЛЕМ .
Оваа не е правило но сепак е многу поблиску до македонскиот литературен јазик !
Околу првите две, сосема се сложувам, околу третото не, пред се бидејќи општо прифатен термин е „трокира“, ако пишеш „прекинува“, можно е никој да не те разбере
. Околу четвртото... не знам дали е „правилно“ (ниедно од нив најверојатно не е литературно) да се пише „бомбина“ или „бобина“. Но како и да е, се сложувам околу тоа дека е општо прифатен термин и насекаде се користи, веднаш може да се разберете за што станува збор
.
Искрено, ме чуди како природно не ви доаѓа да пишувате литературно кога ќе застанете пред тастатура
. Форумот сега е отворен за сите (и за гостите), така да, секој може да прочита што сте пишале. Не се осеќате како да пишувате нешто официјално, како писмена работа, па морате да пазите (колку толку) на правописот? Еве, мене на пример не ми доаѓа да пишам дека „ми доаѓа да отерам све у три лепе пи*ке мат*рине“ (ова чисто како пример
) бидејќи знам дека јавно пишувам и дека некој ден некој ќе ме чита (кој знае, можеби и професорката по Македонски јазик од средно
) и, се разбира, не сакам да оставам лош впечаток.
Абе Чичко јас сакав да прашам нешто на темава а ти ми се правиш професор по Македонски јазик
Toma го пишува она кое мене „на врв на тастатура“ ми стои подолго време. Нареден пат, потруди се малку политературно да се изразуваш. Ова е опомена кон сите членови, не само кон тебе.