Добро си направил, си ја растеретил цела напојувачка секција на телевизорот (неговата, не универзалната). Сега, кога е вака растеретена, приклучи ја на напојување и види колкави ќе бидат напоните. Не се чуди ако се за нијанса повисоки од декларираните, ова е честа ситуација кај switching напојувањата, така работат, даваат адекаватен напон за определено оптеретување поврзано за нивниот излез, а кога не се оптеретени, излезниот напон им е повисок. Приклучувај секција по секција, почнувајќи од секциите со најниските напони (5V) па се до највисоките (за хоризонталата, 110V, 120V, 130V, колку и да е тој напон) и види кога ќе почне напојувачката секција да прави проблеми, односно кога ќе почне да паѓа напонот. Ако телевизорот работи ОК со универзалната мрежа, најверојатно не е проблемот во секциите кои не се дел од напојувањето (или сеуште не се манифестирал проблем, најверојатно има полу-суви кондензатори во хоризонталата, но тоа може подоцна да се измери и среди
), туку во напојувачката секција. Не е лошо да користиш и осцилоскоп при ова мерење (за да ја гледаш формата на излезниот сигнал, дали има НФ или ВФ брум). Ако на излезот од напојувачката секција на телевизорот нема напон или е многу низок или висок, како што пиша Toma, најверојатно имаш некој проблем со полупроводничките компоненти во напојувачката секција. Всушност, кога ќе размислам, не е лошо прво да го провериш switching транзисторот во напојувачката секција
.
При поврзувањето на секција по секција, не очекувај дека нормално ќе работи телевизорот се додека не се поврзат сите секции. Нема да има слика. Најчесто, се гледа дали некоја секција исправно работи врз база на излезните сигнали од определените компоненти кои се во таа секција (на пример, треба да има пилест напон со фреквенција од 50Hz на излез од IC-то за вертикално отклонување, треба да има звук на излез од аудио засилувачот, итн.)