Ова е мала USB развојна околина базирана на PIC18F2550,
предноста на оваа околина е тоа што микроконтролерот треба еднаш да се испрограмира со firmware-от кој микроелектроника го дава за џабе и после само со нивната програма за бутлоадирање се снима новата програма во микроконтролерот.
За разлика од другите проекти овај проект на микроелектроника ги содржи сите потребни работи за да можете да го изработите во домашна околина, можете да си ја симните шемата од нивниот сајт, заедно со бутлоадерот и со firmware-от кој треба да си го испрограмирате во вашиот микроконтролер.
Јас денес седнав и за 2 сати го составив со рециклирани делови
Слики од готовата плоча со додатоците
плочата ја исцртав во Sprint Layout 5.0, таа е сеуште прототип нема некој многу функци
има 4 лед диоди, и 3 места за поставување на конектори преку кој би се конектирала со надворешноста, нема потреба од надворешно напојување (се напојува од USB), откако еднаш ќе се испрограмира пикот со firmware-то нема повеќе да ви треба додатен програматор, програмата е така направена што новиот проект кој сакате да работи на плочата не го преснимува преку овај firmware
со што нема шанси тој да се избриши и после наново да мора да се програмира
Многу проста работа која мое да ви користи како тест плоча за некој ваш проект, единствен проблем е тоа што се базира на 18F2550, ама според даташитот овај е компатабилен со 18F4550 (и уште неколку други) па мислам дека нема да има проблем ако овај firmware се испрограмира во некој од ним и се постави на местото од 18F2550, би требало да работи, незнам сигурно да ви кажам, доколку пробам ќе пишам што како
еве од страната на микроелектроника, тука се имате
http://www.mikroe.com/eng/products/view/631/startusb-for-pic/