Колега,неколку пати ( од Нова Година наваму) ми носат непоправливи ХДД. Ниту чукаат,ниту вртат.Ја вадам плочката со електроника и го удирам од земја.Ја враќам плочата и проработува.Од три такви ХДД два сеуште работат ,а од едниот успеав да извадам податоци. Сега,кој како сваќа и сака,ама ова е последна *финта* -друга нема! А она со замрзнувањето е доста успешно за вадење податоци,кога треба барем еднаш да заврти!! Се на се и јас не верував порано,ама сега го применувам - не губам ништо! А ми се чини дека најмногу од се во последно време страдаат ХДД,некако се најнеотпорни на менување напон,фреквенција на напонот и секако зимскиот период кога компјутерите се *под полн гас* !