Колово ми „фати око“ бидејќи е интегриран 2.1 засилувач, како што имаат многу денешни купечки PC звучничиња, но за разлика од нив, ова коло работи во AB класа, а не во D класа, а колку што имам забележано, нема премногу вакви кола иако има пазар за нив
. Предноста е помало изобличување, како и можноста да се користи било кој звучник на излезот од засилувачот. Се разбира, недостаток е поголемата моќност која ќе ја троши овој засилувач :S, но доколу не го пуштате прегласно засилувачот, и трансформатор од 50W би ви свршил работа
. Има вградена заштита од краток спој на излез, заштита од допир со GND или Vcc на излез (и индикатор за истите), температурна заштита, pop и click потиснувач, коло за мек старт, standby коло, итн. Особено добра дијагностичка функција е clip индикаторот
. Исто така, контролата за volume е изведена со VCA (Voltage Controlled Amplifier), така да квалитетот на потенциометарот нема влијание врз излезниот сигнал
. Како заклучок, би рекол дека е многу добро решение за оние кои сакаат да имаат релативно солиден 2.1 засилувач со минимален труд и релативно мал број на екстерни компоненти. Дефинитивно би го препорачал на оние кои сакаат да ги заменат обичните едноставни звучничиња за PC со нешто помоќно, но сепак, едноставно
.
Datasheet:
http://www.st.com/internet/com/TECHNICAL_RESOURCES/TECHNICAL_LITERATURE/DATASHEET/CD00061065.pdf