Тоа што го рече Devil, тоа направи го
. Не е лошо во насловот да пишеше кој модел е телевизорот. И не мора да ги ставаш извичниците и големите букви, ќе ти се помогне и ако немаш извичници во насловот.
Напојувачките степени се гасат еден по еден (наједоставно) преку вадењето на калемите за пеглање на напонот по flyback трансформаторот (switching напојувањето на телевизорот, малку се разликува од напојувањата на компјутерите
). Напоните кои треба да ги има во телевизорот (најчесто, доколку е микропроцесорки контролиран) се 5V, 12V, 24-45V (можно е и да го нема овој напон, а можно е да биде и малку помал, зависи од изведба до изведба), 80-150V (напон за хоризонталата, висината на напонот зависи од изведба до изведба). Најдобро е да си симнеш сервисна шема, да видиш кои и се колкави се напоните и да бараш каде е проблемот со исклучување на степен по степен
. Кога ќе најдеш каде е проблемот (со гасење на кој напон се пушта телевизорот), продолжуваш да го бараш проблемот во таа секција
.