Не знам дали постои вакво нешто (барав нешто на Google, но никакви релевантни резултати не ми извади). Значи го барам следново, шема за уред кој може да ги тестира следниве електронски компоненти:
1.
MOSFET-и. По можност, да го наоѓа и напонот на проведување на MOSFET-от, доколку не е исправен (пробиен) да јавува во која насока е пробиен, односно дали е пробиен каналот или дали е пробиен према субстратот. Не мора да јавува дали е N-канален или P-канален, тоа може да се бира со преклопник
.
2.
FET-ови. Да го испитува истото како и за MOSFET-ите.
3.
Биполарни транзистори. Да јавува дали е пробиен или не. Не мора да јавува дали е NPN или PNP или да му го јавува струјното засилување, тоа може да се бира со преклопник
.
4.
Исправувачки диоди.
5.
Зенер диоди. Да го јавува напонот на пробив и да може да се исчита од дисплеј (дигитален волтметар).
За погоре наведените компоненти, испитувањата да се вршат со промена на струјата низ компонентите, значи да може да се вршат испитувања со мали и големи струи, бидејќи се случува помоќните MOSFET-и, FET-ови, биполарни транзистори, диоди да јавуваат дека се исправни за мали струи, но при проток на поголема струја, да се покажат како неисправни :S (таканречени, „полупробиени компоненти“ :S). Значи да има прекинувач/преклопник кој ќе менува дали се мерат моќни компоненти или послаби компоненти
. Исто така, испитувањето на MOSFET-ите, FET-овите, биполарните транзистори и исправувачките диоди да биде во импулсен режим, значи да се носат импулси на контролните влезови на компонентите
6.
Триаци. Само да јавува дали се исправни, не мора ништо друго да јавува
. Се разбира, тестирањето да биде со оптоварен триак
.
7.
Тиристор. Исто како и за триаците.
8.
Оптокаплери. Само да јавува дали е исправен оптопарот, не мора ништо друго да јавува
.
9.
LED диоди. Чисто како опција, да не мора секој пат да ги испитувам со стабилизиран извор за напојување
.
Претпоставувам дека вакво нешто му текнало до сега на некој да направи, но не знам на кого
. Можам и сам да си дизајнирам шема за испитување на вакви работи, но зошто да ја дизајнирам ако на некој веќе му текнало да направи вакво нешто
.
Значи, повторно, да истакнам, ми треба шема за All-In-One уред (се во едно уред), не 10 посебни шеми за тестирање на уредите. Доколку никој нема ваква шема, во тој случај post-ирајте шеми и од посебни уреди, но според спецификациите кои ги назначив (импулсен режим на работа, режим на работа со големи и мали струи, да јавува напон на пробив на зенер диодата, итн.). Потоа јас можам да си ги модифицирам шемите врз база на моите потреби
. Тоа не е проблематично
.
ПС: Заборавив да додадам
.
10.
Напонски стабилизатори 78XX и 79XX. Не е лошо да го јавува и напонот на излез од стабилизаторот, но може и само со LED индикација да јавува дали е исправен стабилизаторот или не
.