Значи во Македонија има еден таков такт генератор кој е во посебен објект и во посебна изолирана соба ? Ако добро сватив, ако не корегирај ме.
Да има, го има во Македонски Телекомуникации (сегашно T-Home) во главната зграда, мислам дека беше во подрумот, а можно е и да беше под поштата, не знам искрено, ептен не извртеа по тоа ходниците кога не носеа од fax да го видиме
![Grin ;D](https://elektronika.mk/Smileys/default/grin.gif)
. Огромен е, генерира такт од неколку GHz-и (барем мислам дека толку беше, не ме земајте за збор) и смее да „забега“ од основнот такт само за неколку Hz-и годишно
![Grin ;D](https://elektronika.mk/Smileys/default/grin.gif)
. Инаку сите системи кои комуницираат на база на синхрон такт меѓу различните уреди ќе се десихнронизираат и можно е системот да падне :S. Сите останати такт генератори во држават се синхронизираат од тој такт генератор
![Wink ;)](https://elektronika.mk/Smileys/default/wink.gif)
. Дали сеуште функционира, искрено, не знам :S. Не сум навлезен во новиве телекомуникациски системи до толку, можно е и веќе да не функционира, да се користи некој друг начин за синхронизација или да не потребен веќе ваков систем на синхронизација на уредите (мада мислам дека сеуште се користи истиот, целата телекомуникациска инфраструктура во Европа е изведена на тој начин, а да ја менуваш цела, значи многу истрошени пари, така да, мислам дека сеуште е во работна состојба
![Wink ;)](https://elektronika.mk/Smileys/default/wink.gif)
). Системот кој се користи кај нас (во Европа) се нарекува STM-N (Synchronious Transfer Mode), а со N се означува брзината на комуникација (1, 2, 4, 8, 16, итн.). Колкав беше протокот на податоци на STM-1, не ми текнува искрено (можете да побарате ако сакате на Google), но секој нареден мод на комуникација е мултипл на основниот, односно STM-1. Постопи и постар систем за кој не беше потребна синхронизација, се нарекува ATM (Asynchronious Transfer Mode), само што трансферот на податоци е многу поспор, така да скоро сосема е исфрлен од употреба
![Wink ;)](https://elektronika.mk/Smileys/default/wink.gif)
. За ATM системот не беше потребна синхронизација преку такт генератор, исто како што не треба за Ethernet-от
![Wink ;)](https://elektronika.mk/Smileys/default/wink.gif)
.
Потоа ме интересира, како телеком провајдерите, ISP и други фирми земаат такт сигнал ? Преку посебни кабли, оптички кабли, АДСЛ, RF сигнали ?
Да, ако имаат потреба од рефрентен такт сигнал ISP-ињата, земаат до Телеком, и се разбира, им плаќаат за таа услуга на Телеком. Можно да земаат и „увозен“ такт сигнал, од некоја соседна држава, на пример Србија или Бугарија (мислам дека ни беше спомнато на предавања дека такт сигналот од Србија е најстабилен во Балканот, но не ме земајте за збор). И нашиот такт сигнал не е најстабилен, така да, ако он се десинхронизира, се синронизирува повторно со некој друг, постабилен (странски) такт генератор
![Wink ;)](https://elektronika.mk/Smileys/default/wink.gif)
. Танспортот на сигналот најчесто се врши преку оптика (најстабилно е и најисплатливо, барем на долг временски рок, 10, 15 години
![Wink ;)](https://elektronika.mk/Smileys/default/wink.gif)
), инаку првичната инвестиција е многу скапа, но подоцна, се исплати
![Wink ;)](https://elektronika.mk/Smileys/default/wink.gif)
.