Author Topic: Помош: Од каде може да ми доаѓа брумот?  (Read 1872 times)

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Го имам изработено 100вати засилувачот за сабвуфер од емитер(не се сеќавам сега на точниот број). До пред некое време ми стоеше во куќиште од пц, ама ми фаќаше многу место и ми беше на глупаво место дома ставен. Го префрлив во 2 куќишта од напојувања од компјутер, во едното е трафото, грецот и електролитите, а во другото плочката со ладилникот(кулер од процесор сосе вентилаторчето). Од кога го префрлив во тоа куќиште и одма над двд-то(каде што ми е и 5.1 ресиверот), кога е вклучен засилувачот за вуферот а ресиверот е исклучен имам некој мал брум на вуферот. Малце испробував и увидов дека доколку кабелот што го носи сигналот го исклучам на страната на засилувачот за вуферот тогаш го снемува брумот, ако го исклучам од страната на ресиверот(значи кабелот останува уклучен во засилувачот за вуфер) брумот го има. Дали е можно кабелов да ми закачува пречки од околината(во негова близина има продолжен кабел на кој се уклучени: тв,ресиверот и засилувачов. Ако е до кабелот има ли некое решение?

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
за тоа од каде доаѓа шумот е цела наука, али наједноставно следи го препорачаниот линк, и јас имам умасувано/уземјувано предпојачала/појачала на овој начин, доколку имаш земја на кабелот од 220в ефектот е речи си 100%, во споротиво скоро да нема ефект :o  Инаку наместо грец мојжеш да користиш две диоди наменети за 250 волти, паралелно и спротивно врзани од земја кон маса.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Помош: Од каде може да ми доаѓа брумот?
« Reply #3 on 27.03.2011, Sunday, 14:48:53 (Edited 27.03.2011, Sunday, 16:01:19) »
Се слагам со Бицикле,навистина е наука! ;D Како прв совет -откачи ја масата на кабелот кој иде кон вуферот и тоа на страната на вуферот: односно масата на кабелот нека биде залемена само на страна на пп.Масата меѓу двата степена поврзија со многу подебел лицнест кабел (2,5 мм пресек!)  и тоа кукиште со кукиште,ама не баш до влезниот приклучок на вуферот.Второ - масите можеш да пробаш да ги поврзеш преку блок кондензатор од 0,22 до 0,47 МФ /250В стирофлекс.И трет начин -на излезот од пп и на влезот на вуферот паралелно врзи по еден отпорник од 100 К . Треба малку експериментално да го правиш тоа.И на крај уште една финта: скрати го малку кабелот ( може би и 10-тина сантиметри!) па ке има ефект!Прелеми го повторно и кажи дали ке има промени!

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Не те разбрав баш батка за масава за кој кабел станува збор, за тој што носи 220В?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не,бе,зборувам за кабелот кој носи сигнал кон излезот на вуферот!!!

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Звучничкиот кабел? од Вуфер засилувачот до вуферот?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не се разбираме! Зборувам за кабелот од рисиверот до вуферот.И сам констатираш дека ако кабелот е вклучен во вуферот има брум!Без кабел нема брум! Е сега,направи една од оние три-четири варијанти што ти ги предложив и ке видиш.Веројатно ,масата на кабелот не го оклопува влезниот сигнал. Друго,да не е брумот 50 Хз од мрежа!? Може би си го споил мрежниот кабел на друг продолжен? Ако е така,само преврти го утикачот од 220 В и види дали брумот ке го снема.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Quote
Друго,да не е брумот 50 Хз од мрежа!? Може би си го споил мрежниот кабел на друг продолжен?Ако е така,само преврти го утикачот од 220 В и види дали брумот ке го снема.
 
Незнам точно зошто ама ова во многу случаи се покажало како практично.

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Можно е да е од 50хз. Од кога ке го исклучам прекидачот брумот го има се додека електролитите не се испразнат.
А иначе на тој штекер имам 3 продолжни уклучени, на нив е уклучен УПС за компјутерите и принтери рутер такви работи. Така да можно да е до тоа?
Пробав со свртување на 220в кабелот брумот сеуште го има

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Приклучи го уредот на друг продолжен или друга фаза!

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Колега пробај ги овие три работи  ;)
1. На влез од појачалото обавезно стај оклопен микрофонски кабел  ;)
2. Како што кажаа Батка и другите членови  за маса стај што е можно подебел кабел со повеќе лисни и заземји го убаво за кутијата со квалитетни клеми  ;)
3. Во напојувачката гранка незнам какви кондензатори имаш ама додај во двете гранки по два или минимум еден кондензатор од 6800uF/80V па така сигурно брумот би требало да исчезне  ;)
4. Пробај засилувачот поврзи го со друг извор на музика ... Затоа што можеби масата од куќиштето нечини(допира на некој вод)  ;)
5. Сите кабли за напојување умотај ги во вид на плетенка и така можеби ке се реши дел од проблемот  ;)
Тоа се моите совети ... пробај реализирај ги сите и брумот би требало да исчезне  ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Можно е да имаш и некој слаб лем или да се работи за ладен лем на електролитите.Стави по еден блок 0.1 мФ паралелно на секој електролит во исправувачот,за секој случај.