Прво насловот не ти одговара за темата која си ја одбрал.За ова намена не ти треба никаков предзасилувач,ами едноставен прекинувач(електронски или механички) кои ке го исклучува напонот на тунерот кога сакаш да приклучиш надворешен сигнал.Значи ,веројатно сигналот од телефонот го носиш директно на излезот ,односно на потенциометарот за волуме.Бидејќи не си ставил ниту марка,модел или шема на радиото,вака тешко да ти предложам решение.Најди каде се напојува тунерот или макар меѓуфреквентниот дел / стерео декодерот,па пробај да најдеш нашин како да го исклучиш тој напон,да ти остане само излезот под напон.Насловот за почеток ке го смениме во * Проблем со радио за кола*