на среќа ми се погоди да имам слична матична плоча расипана кај мене, и го пронајдов точниот дел,
STD17NF03L, гигават погоди дека е н-канален мосфет и го заменив расипаниот дел, но сега сеуште имам проблем со матичната плоча. Кога ќе ставам графичка картичка во АГП слотот не појавува слика, додека кога ќе ставам графичка картичка на PCI слотовите компјутерот си функционира, па имам прашање. Дали може да направат проблем електролити доколку имаат пад во капацитивноста од 50-тина микрофаради ?
Извадив неколку електролити од матичната плоча и сите имаат пад одприлика од 50-тина микрофаради, на пример ако треба да се на 1000 mf , тие се 920, 942, 950, 960 и слично. Има 6 такви електролити...