го поправив,најдов шема на нет за Flyback конвертор,исто така се консултирав со професорот од факултет.Го најдов одговорот.Тоа делче,било отпорник(како што претпоставив) кој образувал напонски делител.Овој отпорник имаше отпор од 3.9кило оми,па јас со помош на отпорници во серија од 220оми,2,7к,330оми*2 дојдов до еден помал отпор од 3.9кОми,па со отргнување на тие двата отпорника од 330оми го добив точно посакуваниот напон од 24волти,исто така го тестирав(не до максимум) и даваша 2А струја.Шемата е истата од списанието Емитер,со TOPS контролер.
Иначе,сега,ќе го користам за дигитална лемилна станица,па нема да биде гломазна и тешка,бидејќи се оттарасив од трафото,кое е најтешкиот(најскапиот) дел од целиот склоп.Доколку некој си има проблем со вакви адаптери,темава ќе може да му дојде од помош.