Синоќа до доцните часови на мир и тишина се зафатив по сериозно зошто ме копкаше дали е навистина можно. Го извадив старото SAA ставив подножје (цокла) и почнав да ставам од онаа што имав во “резерва“ ново и старо. Ставав само SAA1293A-
02, не обрнувајки внимание на додатниот број како што напиша
hogar2 SAA1293A-02 =39 програми
SAA1293A-03 =55 програми
и секогаш беше исто. Од една зафрлена команда од NAIS најдов еквивалент со руска ознака КР1853ВГ1-03 и со истото добив 55 програми. Барајки на нет податоци за оваа КР1853ВГ1-03 излезе дека е SAA1293A-03. Најдов едно друго SAA1293A-03 (кое го користев за проба бидејки не му работеше регулацијата на тонот) и со него исто добив 55 пограми(само без тон). Прво работев со опциите што си беа вчитани во оригиналната изведба и дојдов до заклучок дека се јавувааат “проблеми“ со некој од копчињата на панелот напред, додека со далечинското ги извршуваше сите потребни операции, бирањена канали, меморирање на аналогните фунции итн, кое го сметам за занемарливо зашто основните команди на предната страна (панел), програма
плус и минус , регулација на тонот
плус и минус работат така да телевизорот заедно со далечинското е потполно фунционален. Исто пробав и со други опции во MDA2062 меѓутоа се јавија некои разлики така да го оставив со постоечките опции од оригиналот.
Што значи дека сепак преправката е можна.
Потоа со барање на други податоци од нет наидов и на ова
http://www.tele-servis.ru/index.php?go=Files&in=view&id=54
кое доста помага при проблемите со истите командни единици и е доста слично со прикачениот pdf во претходниот мој пост.