Да екранот е од тошиба и некои од електронските компоненти,но телевизоров не работи.При едно вклучување се појави тоа зуење а екранот воопшто не се вклучува.Што може да биде проблемот.
Најверојатно проблемот е во напојувачката секција или хоризонталниот отклонски степен. Сепак, телевизоров е многу стар, така да, како што пишав, најверојатно многу електролитски кондензатори му се суви, а можно е и некој контакт од модулите да зеза. Најверојтано ќе треба да ги смениш половина и повеќе електролитски кондензатори, а и да ги поминеш контактите за модулите и конекторите со контакт спреј. Поправката (ако ги купуваш на ново кондензаторите и ако немаш контакт спреј, па мораш да го купуваш, бидејќи секој друг начин на чистење на контактите, барем според мене, во оваа ситуација е премногу долг и неисплатлив), најверојатно би те чинела околу 1000 денари, можно е и повеќе. Така да, направи си ти математика и види дали ти се исплати
. Кои кондензатори треба да ги смениш... најверојатно сите во напојувачката секција и во хоризонталниот отклонски систем. Исто така, можно е и телевизорот да има бааги ладни лемови, па поради тоа да се јавува лош контакт и да се јавува тоа зуење. Не е лошо прво да прелемиш се што е сомнително, исчисти ги контактите со контакт спреј (на модулите) и пробај пушти го. Ако проработи, ОК, ако не, јас барем, не би се замарал
.