Биосот може да се флешува,во краен случај.Но за да бидеш сигурен треба да се направат прво некои тестови,да се прочешла добро се ,па после да се види.Не е исклучена ни матичната,а и каблите! Добро е да се заменат каблите ,да се проба со друго напојување и РАМ.РАМ-от протриј го со фолија или антистатик опаковка од хард-диск.
Ако имаш можност најди некој тест за РАМ мемории и провери ја.Каков е компјутерот?? Види на матичната,особено околу слотовите за РАМ-от да не има подуени кондензатори.
Споено мислење: 13.04.2012, Friday, 22:35:27
Исто и мене така ми прави disk boot failure, па зедов менав податочниот кабел и си беше во ред до пред едно време, сега некогаш се вклучва некогаш пак така излегва, па ке манам едно 2-3 пати рестарт и ке се пушти.
Кај тебе можно е да има проблеми со ботовите.Ако има лоши сектори на почеток може така да ти прави.Најди Аcronis и со ХДД регенераторот прочешлај го ХДД.Може со часови да трае,ама остави го до крај да изоди.И одкога (ако) најде и ги среди бад секторите,земи и преинсталирај го компјутерот.