Мониторот е поправен. Искрено, не ми се верува каде бил проблемот, но тоа е тоа, се се случува
.
Некој друг пред мене пробал да го поправи и од што бил „многу голем мајстор“
, само ја дозезнал работата, ај што мораше на плочката што се наставува на катодната цевка да прелемувам еден тон ладни лемови и кратки споеви (несакајќи го споил Vcc со Vr за топовите на екранот, RGB, среќа не изгорел драјверот за топовите :S), него згора на тоа исто толку работа со прелемување имаше и на главнат плоча (main board), кратки споеви, ладни лемови (среќа немаше премногу кратки споеви и што сите успеав да ги најдам :S). Како и да е, изгледаше дека видео процесорот не работи (после денови пробувајќи да го дијагностицирам проблемот), но потоа ми текна дека се случува една чудна работа: кристалот осцилира, а видео процесорот не реагира. Ова некако не ми правеше логика, ако е изгорен не ни требало ни да осцилира кристалот, па си реков, ај да проверам во datasheet-от за видео процесорот дали има нешто како reset пин, или нешто така, па да видам кој е и колкаво треба да му биде логичкото ниво за да биде во reset состојба видео процесорот. Според datasheet-от, високо логичко ниво на пин 4 е нормален мод на работа на видео процесорот, а доколку на пин 4 се донесе GND, процесорот се ресетира и во принцип, изгледа како да е „мртов“. Мерам напон на пин 4... GND... 0V. Е сега пак, има друго прашањето: која компонента му носи сигнал на пин 4 на видео процеосорт
. Мислев дека е пинот 4 од видео процесорот само врзан за +Vcc (5V), но не знам зошто, дизајнерите на мониторот решиле екстремно да ги искомплицираат работите, па ставиле транзистор, зенер диода за поларизација на база на транзисторот, кондензатори за да држат константен напон меѓу база и колектор и база и емитер, и што ти уште не. Инаку, шемава е многу чудна, не знам зошто, некои работи се намерно комплицирани, не знам... не прави никаква логика, ако не ми верувате, погледнете ја сервисната шема, ќе ви стане јасно, се е искомплицирано, искрено, не знам зошто, но има многу компоненти кои воопшто не се потребни :S. Како и да е, мерејќи околу транзисторот кој треба да му го носи +Vcc на пин 4 од видео процесорот, случајно забележав пукнатина на плочата, долга беше околу 2cm, нема шанси да се забележи освен ако не се гледа директно во неа :S. Јасно ми стана :S, кој и да го поправал пред мене, ај што не прелемил како што треба и направил еден тон кратки споеви, туку згора на тоа ја пукнал и плочата. Ги преспоив водовите на местата кои беа прекинати (и со прелемување на самата плоча, и со краткоспојници, за секој случај
) и чудо, работи
. Тој воопшто не бил ни неисправен, имал само ладни лемови, па треперел екранот, и мене потоа ми се случи истото, го прелемив цел (добро, не цел, само сомнителните места
) и сега си работи без проблеми
.
Затоа, ако сте пробувале да поправате нешто пред да го однесете на било кој сервисер уредот и ако не сте успеале да го направите (баш напротив, само сте укашкале работа
), подобро кажете што сте зезнале (или каде сте чепкале, па сте зезнале), барем време ќе му спасите на сервисерот барајќи го проблемот со уредот
. Бидејќи, можно е да се случи во тој случај да има два „квара“, а не еден, еден благодарение на вас и еден што „сам се случил“, што е многу потешка ситуација за поправање, ќе ви каже било кој сервисер
.