еквилајзерот е одма пред засилувачот, ваљда е и како предпојачало. Е сега барав за него даташит пишува дека е дигитален, смао не го разбрав баш добро. Интегралното од еквилајзерот го пишав погоре. Е сега не го разбрав добро, што му е ова дигитален, дали треба дигитален влез, кои му се пиновите за напојување. Го ставив навлез сигналот од лаптоп ама ништо, нема ништо на звучник.
Вака сега, ако зборуваш за TDA7313, да, тоа коло е дигитално контролиран предзасилувач со аналогни прекинувачи за аудио сигналот кој му доаѓа на влез, со дигиталните влезови не мора да се замараш, тие се контролирани (претпоставувам) од MCU-то/CPU-то на радио касетофонот и се наменети за контрола на колото, не и за давање на аудио сигнали на влез.
Значи, за да го активираш влезот за касета, треба да ставиш касета во касетникот. Ова се разбира е наједноставниот метод, и всушност тоа ќе ти биде „прекинувачот“ за да функционира аудио влезот за касети на радио-касетофонот. Ако сакаш малку да комплицираш, можеш да видиш кој порекинувач/миркопрекинувач (или повеќе, ако ги има) се преспојува при ставањето на касетатат во касетникот и види дали можеш да го „емулираш“ истиот ефект со само поставување на прекинува место тој микропрекинувач (или тастер, што и да е). Значи место него, постави некој прекинувач и види дали на дисплејот на радио-касетофонот (претпоставувам дека има дисплеј, не верувам да е до толку стар, сепак, има дигитално контролиран предзасилувач) ќе испише како да е активен касетникот (најчесто пишува TAPE). Е сега, со самото активирање на TAPE влезоот, најверојатно некој од пиновите за влез на аудио сигнал на колото TDA7313 е активен, т.е. спремен да прима стерео сигнали не неговиот влез (пинови 9, 10, 11 се за влез на сигнал од десен канал, пинови 13, 14 и 15 се за влез на лев канал, колото има глобален GND за сите, а тоа е пинот 3 од колото). Значи кога ќе биде активен TAPE влезот од радио-касетфонот (ова најдорбо е да го пробаш со ставање на касета во радио касетофонот бидејќи можно е повеќе од еден микропрекинувач/тастер да се активираат и да даваат сигнал до MCU-то при ставање на лента во касетникот и да почне да врти, да се активира play функцијата, па може и да не функционира „тој и тој“ влез на TDA7313 ако не врти лентата во касетникот), пробај донеси сигнал на некој од овие пинови, GND за сигналот ќе ти биде пин 3, а сигналот го носиш на пинови 9, 10, 11 и 13, 14, 15, па види што ќе се случи (всушност, кои од овое парови на плезови е активен, мислам дека пар беа 9 и 13, 10 и 14, 11 и 15). Притоа, не го прекинувај водот за сигналот од касетата, ако на излез даде некаков си звук од лентата, а ти притоа имаш приклучено и сигнал од лаптоп/MP3 плеер на некој од влезовите од колото, најверојатно сигналите само ќе се „измиксаат“, ништо повеќе од тоа (мада не можам да ти гарантирам, некои кола се осетливи на повратни сигнали, како на пример аудио картици од лаптопи, така да јас ова би го пробувал преку некој импровизиран аудио предзасилувач изведен со некое TL коло или 741, ако случајно се злучи да изгори нешто, да изгори предзасилувачот, а не аудио картицата на лаптопот
).
Мислам дека сега појасно е, пробај како што ти реков, би требало да имаш резултати
.