Проблемот е што откако ќе го направиш ова, ќе сватиш дека немаш ниедно друго исправно ATX напојување за тестирање на PC-иња со проблематични напојувања
.
Лесен совет за да не мора да додавате буксни или да правите цели преправки. Земете едно кабле male-female Molex конектор од кулерче (или извадете женски Molex од некој CD-ROM, HDD, било што), преправете го со крокодилки, продолжете ги каблите по потреба, а за да случајно не се преспојат крокодилките една со друга (да не настане спој), монтирајте ги со шрафчиња на некое парче дрво
. Како ќе ги монтирате... ваш избор
. Важно е да не може да се допрат
. По потреба ќе си го врзувате женскиот Molex за било кое исправно напојување и тоа е тоа
. Освен тоа, транспортно е, може било каде да го користите
.
Бидејќи овие конектори (4 пинските) можно е некогаш да зезаат и да губат контакт, уште подобро е ако го искористите 20 пинскиот Molex
. Така не мора да му правите ни "jump start" на напојувањето со спајалица или нешто слично
, а згора на тоа, ќе имате и 3.3V
. Извадете од некоја стара матична плоча 20 пински Molex конектор, ќе ги преспоите адекватните пинови на конекторот за да го пуштите напојувањето, ќе видите кои пинови се за 12V, 5V, 3.3V и ќе си ги „групирате“ со калај тие пинови , случајно ако нема добар контакт некој од нив, другите да компензираат
. Може и отпорник за товар да си ставите бидејќи некои напојувања не се пуштаат ако немаат товар
. Целата конструкција потоа залијте ја со онаа „течнана пластика“ (не знам како се вика
, јас така ја викам
) и си имате готов адаптер, спремен за било кое ATX напојување
.