Да, можно е тоа да е проблемот. Можно е MOSFET-от да не работи поради поголемиот Vgs. Пробај ако можеш да го најдеш оригиналниот или некој со сличен напон на отворање Vgs и смени го, па види дали ќе работи.
Во меѓувреме, ако имаш универзална мрежа, пробај и види дали ќе работи со универзална. Ако работи, значи напојувањето е проблематично. Ако не работи, тогаш, освен напојувачката секција, можно е да има уште некој проблем телевизорот.
Исто така, наведи го и моделот на телевизорот, бидејќи шасијата L6 има подтипови L6.2, L6.3, L6.2 AA, а можно е да има и некои други.