Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Teslakr on 27.10.2012, Saturday, 19:11:40
-
Значи станува збор за лаптоп Fujitsu-Siemens Amilo Pa1538 има проблем со палење на екранот.Кога ќе го в клучам лаптопот и го поврзам црт мониторот на дигиталниот излез од лаптопот има нормално слика на црт екранот но на лцд екранот од лаптопот нема ништо. Дали дефектот е во лцд екранот или во инвертерот или нешто друго би можело да биде.
-
а претходно без ништо уклучено има ли слика на лаптопот, ако има, проблемот е софтверски и ке си бараш во сетинзите за графиката да ти направи на двата
-
Има слика при boot на лаптопот? При POST има слика?
-
Па некој има чепкано во сетинзите за графиката.Врзете го на надворешниот монитор и во сетингот на дисплејот најди опција advanset.Потоа подеси двата екрана 1 и 2 да работат истовремено или ако сакаш само дисплејот да работи.Ако е Win7 имаш три опции,а најдобро е да ставиш на clone па се што се гледа на дисплејот ке можеш да го следиш преку VGA портот и на ТВ,ЛЦД проектор или истовремено и на друг монитор.Значи,опцијата можеш да ја подесиш само користејки надворешен монитор или ТВ апарат преку VGA портот.
-
Неонката на екранот е изгорена и ти се чини дека не работи светни на екранот со батерија и види дали има воопшо некаква слика на него ако има у најголем случај гори неонката а поретко и инверторот
-
истиот проблем го имав и јас на мојoт лаптоп... проблемот кај мене беше изгорен инвертор, осигурач и мониторот :)
-
Значи кога ќе го вклучам лаптопот воопшто нема слика на лцд не го дава ни бут постот, а на црт мониторот преку vga излезот има слика нормално.
-
Е,па тогаш како што ти рече борис можно е да е до инверторот,неонките.Провери дали има и малку промена од црно на сиво кога се вклучува лап топот или нема ни трепнување на светлината.Ако има мала промена на нијансата на екранот и малку да се гледаат контурите на прозорците тогаш е до неонките ( беклајтот).
-
нека земе однадвор со неонка нека свети преку екран, би требало така да се појават доколку воопшто се вклучува екранот, контурите од прозорците кој ги стартова
ако ни така не се појавува можно е да е нешто оштетен мониторот, чест проблем се и флет каблите
-
Проблемот е решен, лабилен лем на осцилаторот од инвертерот прелемив и све е ок.