Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Побарувања => Topic started by: StefanKTS on 07.10.2012, Sunday, 05:45:51
-
Еве шемава пробав да ја направам во PCB Wizzard ама имам некаде грешки и има некој елементи што незнам каде да ги поставам.
Го поставив и проектот, па ако може некој нека ги поправи грешките.
Не ми е јасно кој елемент да го ставам за BF961 дека е со 4 изводи, незнам како да го поврзам променливиот отпорник, калемите L2 и L3, и незнам кој елементи да ги ставам на местото на Audio IN, RF Out и +6-12V.
Ме интересира и дали има некоја замена за BF961 дека неможам да го најдам во Скопје.
-
Водовите ти се претенки,а распоредот не е идеален и ке има мешање на степените.Бидејки има повеке степени кои треба да се одделат ,треба да предвидиш место за прегради.Се работи за ВФ а не НФ шема.Побарај литература и прочитај,има некои други правила при конструкција на ВФ уреди.Еве изглед на готов модел ,без преградите,
-
Наместо 2n2219 стави 2N4427 и ке имаш поголема снага (домет) а ако не ти се даваат многу пари имаш 2N3866.
-
Каде можам да најдам литература на македонски или српски за ВФ техника?
-
На македонски !:: ;D ... ,а најдобео е да ја данлаудираш книгата на Др.Божо Метзгер * Приручник за радио-аматере и техничаре* .Немам во моментов линк,ама знам дека некој од Форумов ја ставаше на box.
-
Фала ја најдов книгата.